fbpx

Започна пријавувањето за Авицена Женска Трка 2024

На овогодинешниот „Светски ден на здравјето“ 7 Април 2024 ќе се одржи „Авицена Женска Трка“. Трка која дванаесет години по ред е симбол за мотивација и успех, за постигнати резултати и поставени нови цели, како и за здрав и правилен животен стил.

Од година во година „Авицена Женска Трка“ семејството брои сѐ повеќе членови, односно со секое наредно издание се зголемува бројот на учеснички. Минатата година, 3000 учеснични застанаа на стартната линија. Ве очекуваме оваа година во уште поголем број!

Пријавувањето за трката е започнато и ќе трае до 02.04.2024, право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол, без ограничување на возраст. Пријавете се тука: https://zenskatrka.mk/prijavuvanje/.

🏁Стартот и целта на трката ќе биде во 10:00 часот од булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“ со должина од 3 километри.

Трчаме за здравје!