Денес започнуваме со работа на нова, поголема и посовремена локација во населбата Аеродром во Скопје, на самиот булевар „Јане Сандански“ на добропозната локација кај „Мајчин Дом“.

Седумнаесетте години успешно работење на нашиот пазар и десетте години со сопствен објект во населбата Аеродром ни налагаат попристапна и посовремена лабораторија за да се задоволат барањата на клиентите и да се продолжи долгогодишниот континуиран раст.
Новата адреса е следната: Авицена Лабораторија Аеродром, бул. „Јане Сандански“ бр.13-1 блок А
Старата локација позади кафулето „Тренд“ повеќе нема да работи.
Работното време на лабораторијата останува непроменето:
Понеделник – петок од 7:00 – 18:00 часот
Сабота 8:00 – 14:00 часот
За подетални информации ви стоиме на располагање преку нашиот Контакт центар: 02 3179-001

