fbpx

Феритин – еден од најдобрите показатели за недостаток на железо!

Ако неодамна сте направиле крвна слика за да проверите дали имате недостаток на железо или размислувате да направите крвна слика поради сомнеж за недостаток на железо, можеби сте малку збунети доколку вашиот доктор сугерира да го проверите и биомаркерот Феритин. Зошто се користи овој биомаркер и како се поврзува со железото?

Која е разликата помеѓу феритин и железо?

Феритинот е крвен протеин и е главниот протеин задолжен за складирање на железо. Феритинот го задржува железото и го ослободува кога на телото му е потребно. Железото е метал – елктролит што во голем дел се наоѓа во црвените крвни зрнца и е клучен за транспортирање на кислород низ телото. Феритинот е добар показател за тоа колку железо се складира во вашето тело, дали има резерва, а при ниски нивоа може да укаже на анемија поради недостаток на железо.

Приближно една четвртина од вкупното железо во телото се складира како феритин. Феритинот има витална функција во апсорпцијата, складирањето и ослободувањето на железото. Најголемата количина на феритин се наоѓа во црниот дроб, но може да биде присутен и во слезината, коскената срцевина и мускулите.

Феритинот е еден од најдобрите показатели за недостаток на железо!

Со проценка на нивоата на феритин во телото, можете јасно да препознаете дали можеби имате недостаток на железо или дури имате зголемени нивоа. Ако со направен тест за феритин се покажува ризик од дефицит (недостаток) на железо, вашиот лекар може да предложи дополнителни тестови, вклучително и тест трансферин и серумско железо.

Кои се нормалните нивоа на феритин?

Нормалните нивоа на феритин кај мажите се помеѓу 12 – 291 ng/ml

Нормалните нивоа на феритин кај жените се помеѓу 10 и 290 ng/ml

Кај деца до 5 години: 12 – 291ng/ml за деца од 5 – 12 години : 15 – 322 ng/ml

Ако вашите нивоа се под 10 ng/ml (женски) или 22 ng/ml (машки), може да имате ризично ниски нивоа на железо. Оваа состојба може да укажува на феродефицитна анемија. Задолжително консултирајте се со вашиот доктор.

Важно е да се напомене дека нивото на феритин може да се зголеми во одредени услови, вклучувајќи:

  • Воспаление
  • Заболување на црниот дроб
  • Малигнитет
  • Терапија со препарати или додатоци (суплементи) на железо
  • Значително уништување на ткивото

Во овие случаи, зголемените нивоа на феритин не се реален одраз на резервите на железо во телото.

Недостатокот на железо обично се јавува поради зголемени потреби или притисок врз телото. На пример:

  • Спортска активност со високи перформанси
  • Вегетаријанска/веганска исхрана со ограничено снабдување со железо
  • Бременост
  • Зголемена загуба на крв на пр. менструација

До 20% од жените со менструација имаат недостаток на железо, а до 5% имаат анемија поради дефицит на железо.

Дали ниското ниво на феритин ве прави анемични?

Бидејќи феритинот е протеин за складирање на железо, ниските нивоа на феритин не се причина за анемија, наместо тоа, ниските нивоа на железо укажуваат – предупредуваат за дефицит на железо или анемија со дефицит на железо. Меѓутоа, бидејќи нивоата на феритин во крвта се директно пропорционални со резервите на железо во телото, феритинот е добар показател за состојбата.

Симптоми на висок феритин

Исто така, можно е да се појави и вишок железо. Тестот за феритин се користи во комбинација со други тестови за проверка на преоптоварување со железо. Високите нивоа на феритин се земаат предвид кога нивоата во крвта се поголеми од 290 – 300 ng/ml.

Симптоми при високи нивоа на феритин

Една состојба која може да резултира од таложење на железо е хемохроматоза која е најчесто наследна состојба и се јавува во текот на многу години. Железото полека се акумулира во телото и предизвикува непријатни симптоми како што се:

  • Мускулна слабост
  • Необјаснето губење на тежината
  • Абдоминални болки
  • Губење на влакна на телото
  • Болки во зглобовите
  • Намалено либидо
  • Жените може да имаат неправилни менструации
  • На мажите може да им биде тешко да постигнат или одржат ерекција

Ако не се лекува, состојбата може да ги оштети зглобовите, како и органите како што се срцето, црниот дроб и панкреасот.

Подобрување на исхраната со железо

Постојат три фактори кои треба да се земат предвид кога сакате да ја подобрите вашата исхрана со железо:

  • Количината на железо
  • Квалитетот на железото
  • Состав на вашата исхрана

Заклучок

Феритинот е крвен протеин кој складира железо и е добар показател за тоа колку железо е присутно во телото. Количината на феритин присутно во крвта ја одразува вкупната количина на железо достапно за телото за идна употреба. Феритинот ослободува железо бидејќи е потребно од телото за многу функции, вклучително и производство на нови црвени крвни зрнца. Симптомите на ниско ниво на феритин вклучуваат замор, слабост, вртоглавица, отежнато дишење и главоболки. Додека, симптомите на високо ниво на феритин вклучуваат замор, абдоминална болка, необјаснето губење на тежината, болки во зглобовите и слабост.

Ако не постојат основни здравствени состојби кои предизвикуваат ниски нивоа на феритин, тогаш подобрувањето на вашата исхрана може да помогне да се подобри нивото на железо и апсорпцијата на железото од телото.

Во нашите лаборатории можете да направите проверка на нивото на Феритин во крвта.

Цена: 840 денари

Издавање резултати за 1-2 часа

Без закажан термин

Примерок: крв

*Феритинот се одредува во лабораториски услови наутро со примерок од венска крв. Правилната подготовка е од суштинско значење за сигурни и точни резултати. Примерокот треба да се земе наутро 10-12 часа после последниот оброк. Интензивна физичка активност треба да се избегнува пред земање примероци од крв бидејќи тоа може да го зголеми нивото на феритин. Алкохолот, храната богата со железо и масна храна непосредно пред земање примерок исто така може да бидат причина за покачено ниво на феритин во крвта.

Исто така имајте на ум дека нивото на феритинот во периодот кога пациентот има воспалителен процес, покачена телесна температура,како и кога пациентот е на терапија со препарати од железо, може да биде различно од реалната количина на феритин во крвта, бидејќи сите овие процеси можат да влијаат на резултатите од анализата на феритин.

Напомена: референтните вредности се изназени во мерна единица ng/ml и одговараат само за нашата лабораторија. Избегнувајте да ги споредувате резултатите од различни лаборатории и да ги толкувате сами. Резултатите секогаш треба да се толкуваат од страна на вашиот матичен лекар.