fbpx

Грип, COVID-19, настинка или алергија? – Направете разлика

Грип, COVID-19, настинка или алергија? Направете разлика!

Во зимскиот период, кога се чести и сезонските настинки и грипот, во време на пандемија со COVID-19, многу луѓе се обидуваат да го најдат одговорот на прашањето – кои се клучните симптоми преку кои може да се направи разлика меѓу овие заболувања?

COVID-19, грипот и настинките делат голем број на карактеристики и широк спектар на слични или исти симптоми кои го отежнуваат диференцирањето на почетокот на болеста.

За соодветен третман на секое респираторно заболување, секогаш е многу важно да се знае вистинскиот причинител на заболувањето, со цел да се делува навремено и насочено кон соодветниот причинител.

Постојат многу различни симптоми кои се појавуваат кај лицата со COVID-19. Mногу од нив, исти или слични се појавуваат и при настинки и сезонски грип, а поретко и при алергии. Најчести симптоми кои се карактеристични за SARS-CoV-2 вирусот и вирусот на грип А и Б (Influenza A/ Influenza B) се: покачена телесна температура/треска, кашлица, недостаток на здив/отежнато дишење, болки во грлото, затнат нос, мускулни болки, главоболка, а некои луѓе, се јавуваат дијареа и повраќање.

Главната разлика во симптомите претставува губењето на вкусот и мирисот, пријавено кај одреден процент кај луѓето инфицирани со SARS-CoV-2, односно пациентите кај кои бил потврден COVID-19. Секако, разлика постои и во периодот на инкубација на вирусите, односно, времето кога ќе се појават симптомите од ризичниот контакт, нивниот интензитет и времетраење.

Сепак, заради сличноста помеѓу симптомите на овие инфекции, многу тешко се воспоставува разлика, па затоа најточна дијагностичка алатка претставуваат лабораториските тестови, во консултација со лекар.

Во продолжение, во табелата се наведени најчестите симптоми кои се појавуваат при COVID-19, грип, настинка и алергии.

СимптомиCOVID-19ГрипНастинкаАлергија
Треска/температураЧестоЧестоПонекогашНикогаш
Болки во мускулитеЧестоЧестоПонекогашНикогаш
МалаксаностЧестоЧестоПонекогашПонекогаш
КашлањеЧесто (суво)ЧестоЧестоПонекогаш
Затнат носЧестоЧестоЧестоЧесто
Воспалено и болно грлоЧестоЧестоЧестоРетко
Чешање на очи/нос/грлоНикогашНикогашПонекогашЧесто
Губење здив и отежнато дишењеЧестоЧестоПонекогашПонекогаш
ГлавоболкаЧестоПонекогашПонекогашРетко
Губење на мирис и вкусЧесто (често во рана фаза без растечен и затнат нос)  Понекогаш    Понекогаш (посебно со затнат нос)Понекогаш
Гадење и повраќањеПонекогашПонекогаш (посебно кај мали деца)НикогашНикогаш
ДијареаПонекогашПонекогаш (посебно кај мали деца)НикогашНикогаш

*https://www.cdc.gov/flu/symptoms/flu-vs-covid19.htm

*https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/coronavirus/in-depth/covid-19-cold-flu-and-allergies-differences/art-20503981

*https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019/question-and-answers-hub/q-a-detail/coronavirus-disease-covid-19-similarities-and-differences-with-influenza