fbpx

HPV ТЕСТ (Human papillomavirus)

ШТО ПРЕТСТАВУВА HPV?

HPV е име на група на вируси. Постојат околу 40 типови на HPV ( Human papillomavirus) кои се сексуално – преносливи, кои ги зафаќаат половите органи кај мажите и жените. Некои типови HPV (на пример тип 6, тип 11, предизвикуваат прoмени кои се нарекуваат генитални брадавици, додека други типови, кои се нарекуваат високоризични на пример тип 16, тип 18 и други, можат да предизвикаат CIN промени (абнормален раст на клетки) кои водат до развој на карцином на грлото на матката.

КАКО МОЖЕ ДА ДОБИЈАМ ХПВ?

HPV се пренесува со генитален контакт, најчесто преку вагинален или анален сексуален однос. Најголем број од луѓето не знаат дека го имаат вирусот или дека го пренесуваат на својот партнер. Затоа, најчесто не е возможно да се знае кој го пренел вирусот и кога се случила инфекцијата.

ДАЛИ ПОСТОИ ДРУГ НАЧИН ЗА ИНФЕКЦИЈА СО HPV?

Постојат повеќе заблуди околу тоа како може да се добие HPV. Меѓутоа, важно е да се знае дека кондомите не овозможуваат 100% заштита од HPV. Бидејќи вирусот се наоѓа и во кожата околу гениталиите, вирусот многу лесно може да преминe од гениталната регија на мажот во вагината, вулвата или анусот кај жената.

Како HPV предизвикува рак на грлото на матката?

Вирусот на HPV предизвикува абнормален раст на клетките од грлото на матката. Во голем број случаи, HPV исчезнува сам по себе. Меѓутоа кога инфекцијата со HPV трае извесно време, од абнормалните клетки може да се развие карцином (рак на грлото на матката или на други делови на телото).

Дали ракот на грлото на матката може да се (превенира) спречи?

Да. Постојат тестови со кои може да се пронајдат рани знаци, уште пред да се развијат симптомите. На овој начин, проблемот ќе се пронајде и реши уште пред да се равие во карцином. ТАКВИ ТЕСТОВИ СЕ PAP-ТЕСТ И HPV-ТЕСТ.

ШТО Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ PAP-ТЕСТ И HPV- ТЕСТ?

И двата теста овозможуваат да се направи скрининг за цервикален карцином. Со PAP-тестот се бараат промените на клетките кои може да доведат до карцином. Со HPV-тестот се бара и детектира вирусот на HPV кој ги предизвикува овие промени.

ДАЛИ ЌЕ ДОБИЈАМ РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА АКО ИМАМ HPV?

Оние жени кои имаат HPV се препорачува задолжително да ги следат советите и упатствата од нивните гинеколози за соодветно тестирање и третман.

Доколку имате HPV, вашиот гинеколог ќе препорача почести контроли и тестирања, се со цел рано да се најдат евентуалните промени и истите соодветно да се третираат. Затоа, следете ги советите од вашиот гинеколог.

ДОКОЛКУ ИМАМ HPV, ДАЛИ МОЖАМ ДА ОСТАНАМ БРЕМЕНА И ДА РОДАМ ЗДРАВО ДЕТЕ?

Постоењето на HPV не ја намалува шансата за бременост. Типот на HPV кој го имате, не би требало да влијае на здравјето на плодот. Меѓутоа, доколку ви е потребен третман на абнормалните клетки на грлото на матката (предизвикани од HPV), самиот третман може да влијае на шансите за забременување. Секогаш консултирајте се со вашиот гинеколог.

ТЕСТ ЗА ДЕТЕКЦИЈА И ГЕНОТИПИЗАЦИЈА НА HPV ВО АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА

Правилното дијагностицирање на HPV е од огромна важност и е пресудно за понатамошниот третман на пациентот. Во Авицена Лабораторија се работат најсовремени тестови со Multiplex real-time PCR технологија за високосензитивна и специфична молекуларна детекција и генотипизација на HPV вирус (Human papillomavirus). Овој тест претставува единствен квалитативен и семиквантитативен клинички докажан тест препорачан од СЗО за детекција и поединечна генoтипизација на најголем број типови на HPV:

19 ВИСОКОРИЗИЧНИ ТИПОВИ НА HPV (16, 18, 26, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 53, 56, 58, 59, 66, 68, 69, 73, 82)

9 НИСКОРИЗИЧНИ ТИПОВИ НА HPV (6,11, 40, 42, 43, 44, 54, 61, 70)

Наведените генотипови на HPV се одговорни за над 97% случаи на цервикална дисплазија и цервикален канцер.

Тестовите се со внатрешна контрола базирана на детекција на human β-globin генот, со што целосно се елиминира можноста за лажно негативни резултати. Тестовите се валидирани и CE сертифицирани, се работат со комплетно автоматизирани Real Time PCR инструменти и се одобрени за дијагностичка употреба.

Примерок: Цервикален и уретрален брис.

За да го направите HPV тестот имате можност да земете сами примерок користејќи ја Evalyn brush или да го посетите својот гинеколог кој ќе го земе примерокот.

Може да ве интересира…