Според книгата The Sensitive Gut (Чувствителни црева), издадена од Медицинскиот факултет на Харвард, се проценува дека „околу 70 проценти од светското население има некакви проблеми со лактозата“
Што е интолеранција на лактоза?
Интолеранција (Нетолеранција) на лактоза претставува неможност или намалена способност за варење на млечниот шеќер – лактоза, најзастапениот јаглехидрат во млекото поради недостаток на интестиналниот ензим лактаза. Лактазата природно се наоѓа во тенкото црево и ја разградува лактозата на поедноставни, лесно сварливи шеќери гликоза и галактоза. Дефицитот на лактаза може да се манифестира на два начина: како недоволна количина на лактаза (хиполактазија) или како комплетен недостаток на лактаза во цревата (алактазија).
Што ја предизвикува?
Поради недостаток на ензимот лактаза, неразградената лактоза доаѓа во дебелото црево, каде што служи како храна за бактериите. Во ваков неразграден облик лактозата стимулира акумулацијата на течности и електролити, а дејството на бактериите предизвикува ослободување на гасови (метан, јаглерод диоксид), што резултира со надуеност и абдоминална болка често придружена со дијареја.
Луѓето понекогаш ја мешаат интолеранцијата на лактоза со алергија на млеко
Луѓето понекогаш ја мешаат интолеранцијата на лактоза со алергија на млеко. Сепак, алергиите на кравјо млеко се реакција на имунолошкиот систем на млечни протеини, додека интолеранцијата на лактоза е проблем на дигестивниот систем кој се јавува заради недостаток на ензимот лактаза. Алергии на млеко најчесто се појавуваат во првата година од животот, додека интолеранцијата на лактоза почесто се појавува во зрелоста.
Симптоми
Интолеранцијата на лактоза се манифестира со абдоминална болка со појава на надуеност, нелагодност, грчеви, гасови и дијареја. Овие симптоми најчесто се пропратени и со постојан замор, слаба концентрација, главоболка и сл. Симптомите обично се појавуваат 30 минути до 2 часа по консумација на храна што содржи лактоза. Интензитетот на симптомите варира од личност до личност и исто така зависи од количината внесената лактоза, степенот на активноста на ензимот лактаза и од типот на внесената храна што содржи лактоза. Според статистичките податоци, еден од пет возрасни и деца во северна Европа имаат симптоми кои се карактеристични за интолеранцијата на лактоза.
Дијагноза
Во ПЗУ Авицена Лабораторија се работи најсовремен тест за генетско тестирање на интолеранција на лактоза со метод на Real-Time PCR
Тестот врши идентификација на два полиморфизми лоцирани на интрон 9 (С/Т13910) и 13 (G/A 22018) на MCM6 генот, кои се поврзани со перзистенција на лактазната активност кај возрасни и деца над 5 години.
Види цена на следниот линк.
* Потребен примерок: минимуm 1 ml EDTA или цитратна полна крв