fbpx

Како да се заштитите од убод од крлеж

Ви претставувме неколку совети како да избегнете убод од крлеж, што да направите ако најдете крлеж на вас, како да препознаете каснување од крлеж и многу повеќе.

Додека луѓето уживаат на отворено ова лето, треба да запомнат дека не се единствените што го користат топлото време. Потоплите и подолгите лета значат подолга сезона на крлежи. Здравствените власти предупредуваат на особено лоша година за крлежите, а Центрaрот за контрола и превенција на болести (Centers for Disease Control and Prevention -CDC) претходно оваа година објави дека случаите на болестите што се пренесуваат преку крлежи се зголемуваат се’ повеќе и повеќе.

Најдобар начин да се избегне болест што се пренесува преку крлеж е, да избегнете каснување од крлеж.

Еве што треба да знаете за да се заштитите од крлежи и што да правите ако сте каснати.

Како да се заштитите од крлежи?

Клучен фактор е да се носи правилна облека.

Пример, ако шетате низ предели со висока трева, во паркови или шумски области, носете долги панталони и кошули со долги ракави, и вметнете ги панталоните во чорапите за крлежите да не можат допрат до кожата, а потоа проверете ја облеката и кожата дали има крлежи кога ќе се вратите. Кога се проверувате, задолжително обрнете внимание околу глуждовите или нозете. Ако сте биле надвор неколку часа или се проверувате после неколку дена, тие би можеле да мигрираат каде било, па нека ви помогне пријател или член на семејството да го провери вашиот грб и линијата на косата.

Што да направите ако најдете крлеж на себе?
Треба веднаш да се отстрани крлежот! Но задолжително треба да се отстрани целиот организам. Вашиот лекар или тимот од итна нега може да ви помогне да го отстаните овој инсект безбедно од вашата кожа!

Избегнувајте сами да го отстраните!

Никогаш не дозволувајте да се скрши крлежот (да остане некој дел од неговото тело во вашата кожа), не фаќајте го крлежот за средината или не ја притискајте неговата содржина назад во вашето тело препорачуваат докторите. Исто така, никогаш да не користете вазелин или кибрит или кој било предмет споменат во старите митови за да отстранување на крлеж.

Како да знаете дека сте каснати од крлеж?
За жал, не постои начин лесно да се препознае каснување од крлеж од каснување на друго животно, како што е каснување од пајак или комарец. Единствениот начин на кој навистина знаеш дали те каснал крлеж е ако го најдеш крлежот вграден во тебе, додека те каснува.

Тие се сместуваат за да се наполнат со крв, а возрасните остануваат на ден или два пред целосно да се затрупаат, па многу луѓе го наоѓаат крлежот пред да падне.

Каснувањето од крлеж е обично црвено подигнато испакнато како непријатен убод од каснување од комарец. Ако има осип, сте развиле инфекција и веднаш упатете се кон најблиската медицинска установа за да ви пружат нега.

Што треба да направите ако сте каснати од крлеж или се сомневате во болест што ја пренесува крлежот?
Симптомите на болеста што се пренесува преку крлежи вклучуваат треска, главоболки, болки во зглобовите и осип.

Ако развиете треска, малаксаност или осип откако сте биле во област каде што крлежите се активни, се препорачува веднаш да ве прегледа вашиот лекар.

Можете да бидете тестирани за болести кои се пренесуваат преку крлежи, тестовите откриваат антитела, или присуство на бактерија пренесена од крлеж. Ако најдете натрупан крлеж на вашето тело што е очигледно таму некое време, вие сте изложени на поголем ризик за болест. Морате веднаш да посетите лекар кој може да помогне да се спречи Лајмската болест да се развие.

Што е Лајмска болест (Lyme disease)?

Лајмската болест е мултисистемско заболување кое има субакутен и хроничен тек, а го предизвикува бактеријата Borrelia burgdorferi, која ја пренесува крлежот со својот убод на домаќинот. Оваа болест првенствено ја зафаќа кожата, а потоа срцето, зглобовите и централниот нервен систем. Лајмската болест се манифестира со појава на локален оток и црвенило на местото на убодот и во околината и тоа 3-32 дена по инцидентот.

Локалното црвенило е топло и обично не е болно. Кај 50% од пациенетите идентични промени може да се јават и на други делови од телото, а кај 15% пациенти може да не се јават кожни промени. Освен промените на кожата, може да се јави и покачена температура, треска, малаксаност, главоболка и зголемување на регионалните лимфни јазли.

Доколку болеста не се препознае и не се лекува, после 6-8 недели се развива вториот стадиум на болеста, кој се карактеризира со невролошки симптоми, појава на болки во зглобовите и кардиолошки симптоми.

Третиот стадиум настапува кај нелекувани лица кај кои после десет месеци или повеќе години се развиваат трајни оштетувања на зафатените органи.

Во микробиолошката лабораторија при Авицена Лабораторија во своето портфолио на тестови содржи високоспецифичен, индиректен имунофлуоресцентен тест за детекција на IgG и IgM антитела кон Borrelia Burgdorferi sensu lato од серум (крв).
Потребен примерок: крв
Испитувањето е потребно да се направи 1-8 недели по каснување од крлеж.
Цена: 1500 денари

Oтсега е достапен и тест за молекуларна детекција на Borrelia Burgdorferi sensu lato complex со real-time PCR преку крв, со кој може директно да се докаже присуство на бактеријата Borrelia burgdorferi. Резултатите се издаваат за 1 ден. Испитувањето може да се направи 5 дена по каснување од крлеж.
Примерок: крв
Цена: 1950 денари