fbpx

Кои алергени се активни есенва

Со доаѓањето на есента, воздухот станува посвеж, но за многумина и полн со алергени. Иако пролетта обично се поврзува со поленските алергии, есента носи нови предизвикувачи кои можат да предизвикаат кивање, чешање во очите и кашлица.

Во продолжение ги издвојуваме најчестите есенски алергени и зошто токму во овој период можат да бидат поизразени:

  1. Категорија – Корови и треви

Најчести алергени: Пелин, тегавец, мешани треви

Објаснување: Многу корови цветаат во подоцнежните делови од годината и поленот може да предизвика симптоми до доцна есен.

2. Категорија – Габи и мувли

Најчести алергени: Alternaria alternata, Cladosporium, Aspergillus, Penicillium notatum

Објаснување: Влажното време овозможува поголемо размножување на спори од габи, особено во внатрешни простории.

3. Категорија – Домашна прашина и грињи

Најчести алергени: Dermatophagoides pteronyssinus, Dermatophagoides farinae

Објаснување: Со почетокот на грејната сезона, зголемената влажност и престојот во затворени простории ги активираат алергиите на прашина.

4. Категорија – Животински алергени

Најчести алергени: Мачка, куче

Објаснување: Присутни цела година, но симптомите се поизразени во есен кога повеќе време се поминува дома.

Сите овие алергени се испитуваат кај нас во Авицена Лабораторијa, погледни брошура.
Дознајте на што сте чувствителни и олеснете ги вашите есенски денови со навремена дијагностика и совет од стручно лице.