fbpx

Кои алергени се активни есенва

Со доаѓањето на есента, воздухот станува посвеж, но за многумина и полн со алергени. Иако пролетта обично се поврзува со поленските алергии, есента носи нови предизвикувачи кои можат да предизвикаат кивање, чешање во очите и кашлица.

Во продолжение ги издвојуваме најчестите есенски алергени и зошто токму во овој период можат да бидат поизразени:


КатегоријаНајчести алергениЗошто се активни во есен
Корови и тревиПелин, тегавец, мешани тревиМногу корови цветаат во подоцнежните делови од годината и поленот може да предизвика симптоми до доцна есен.
Габи и мувлиAlternaria alternata, Cladosporium, Aspergillus, Penicillium notatumВлажното време овозможува поголемо размножување на спори од габи, особено во внатрешни простории.
Домашна прашина и грињиDermatophagoides pteronyssinus, Dermatophagoides farinaeСо почетокот на грејната сезона, зголемената влажност и престојот во затворени простории ги активираат алергиите на прашина.
Животински алергениМачка, кучеПрисутни цела година, но симптомите се поизразени во есен кога повеќе време се поминува дома.

Сите овие алергени се испитуваат кај нас во Авицена Лабораторијa, погледни брошура.
Дознајте на што сте чувствителни и олеснете ги вашите есенски денови со навремена дијагностика и совет од стручно лице.