По - Пт: 07:00 - 19:30 / Саб: 07:00 - 14:00
Пациентите со COVID-19 можат да ги направат сите потребни лабораториски анализи во текот на лекувањето, во делот за COVID-19 кој е одвоен од останатиот дел на лабораторијата.
Анализите се прават само со претходно закажан термин на 071/278-529.
Оваа услуга е достапна во следните лаборатории: Населба Тафталиџе во Скопје (локација 1), секој работен ден од о7.00 до 19.00 часот и сабота од 07.00 до 14.00 часот и во Тетово (локација 3), од понеделник до петок од 07.00-17.00 часот, во сабота од 08.00-14.00 часот.
Суштинската улога на клиничките лаборатории во оваа пандемија не е само во тестовите за детекција на самиот вирус, туку и во следење на пациентите во секоја фаза на заболувањето.
Биохемиското следење на пациентите со COVID-19 со лабораториски тестови е клучно за проценка на сериозноста и прогресијата на болеста, како и за следење на третманот. Одредени лабораториски тестови се поврзани со неповолна прогресија на COVID-19 и даваат важни прогностички информации.
Подолу е вклучена препорачана листа за лабораториски тестирања заснована на тековната литература (International Federation of Clinical laboratories IFCC) заедно со главните лабораториски абнормалности, кај возрасни пациенти со COVID-19.
Посебно е важно да се истакне дека покрај најчестите рутински лабораториски тестови, новите докази сугерираат дека пациентите со тежок COVID-19 може да бидат изложени на ризик од синдром на цитокинска бура.
Тестовите за цитокини, особено тестот IL-6, треба да се користат каде што е можно за да се процени состојбата кај тешко болните пациенти со COVID-19.
ЛАБОРАТОРИСКА АНАЛИЗА | Најчести ОТСТАПУВАЊА кај COVID-19 |
Комплетна крвна слика | Зголемен број на неутрофили (леукоцитоза со неутрофилија) Намален број на лимфоцити Намален хемоглобин Намален број на тромбоцити |
CRP ( Ц-реактивен протеин) | Зголемување – маркер за воспаление |
ASAT, ALAT | Зголемување –ензими за функција на црниот дроб |
LDH | Зголемување – маркер за црниот дроб или мултиорганско зафаќање |
Уреа, Креатинин | Зголемување- маркери за бубрежна функција |
Вкупен билирубин | Зголемување –зафаќање на функција на црн дроб |
Албумин | Намалување – зафаќање на функција на црн дроб |
Д-димер | Зголемување – знак за активација на системот за коагулација |
PT, aPTT | Зголемување - знак за активација на системот за коагулација |
Прокалцитонин | Зголемување – маркер на бактериска инфекција (суперинфекција), диференцијација помеѓу вирусна или бактериска инфекција |
Феритин | Зголемување – маркер на воспаление |
Интерлеукин 6 (IL-6) | Зголемување – маркер за воспаление, предиктор на цитокинска бура |
Срцев Тропонин, CK-MB | Зголемување – маркер за оштетување на срцевиот мускул |
Гасни анализи | За проценка на оксигенација и прилагодување на вентилација |
Важна напомена: Секој лабораториски резултат треба да се толкува во склоп со клиничката слика и наоди од други дијагностички методи.
Задолжително консултирајте се со Вашиот лекар во врска со Вашата здравствена состојба, толкување на резултатите, симптомите и третманот.