Лабораториски анализи кај COVID-19

Суштинската улога на клиничките лаборатории во оваа пандемија не е само во тестовите за детекција на самиот вирус, туку и во следење на пациентите во секоја фаза на заболувањето.

Биохемиското следење на пациентите со COVID-19 со помош на лабораториски тестови е клучно за проценка на сериозноста и прогресијата на болеста, како и за следење на третманот. Одредени лабораториски тестови се поврзани со неповолна прогресија на COVID-19 и даваат важни прогностички информации.

Подолу е вклучена препорачана листа за лабораториски тестирања заснована на тековната литература (International Federation of Clinical laboratories IFCC) заедно со главните лабораториски абнормалности, кај возрасни пациенти со COVID-19.

Посебно е важно да се истакне дека покрај најчестите рутински лабораториски тестови, новите докази сугерираат дека пациентите со тежок COVID-19 може да бидат изложени на ризик од синдром на цитокинска бура.

Тестовите за цитокини, особено тестот IL-6, треба да се користат каде што е можно за да се процени состојбата кај тешко болните пациенти со COVID-19.

ЛАБОРАТОРИСКА АНАЛИЗА

Најчести ОТСТАПУВАЊА кај COVID-19

Комплетна крвна слика

Зголемен број на неутрофили (леукоцитоза со неутрофилија)

Намален број на лимфоцити

Намален хемоглобин

Намален број на тромбоцити

CRP ( Ц-реактивен протеин)

Зголемување – маркер за воспаление

ASAT, ALAT

Зголемување –ензими за функција на црниот дроб

LDH

Зголемување – маркер за црниот дроб или мултиорганско зафаќање

Уреа, Креатинин

Зголемување- маркери за бубрежна функција

Вкупен билирубин

Зголемување –зафаќање на функција на црн дроб

Албумин

Намалување – зафаќање на функција на црн дроб

Д-димер

Зголемување – знак за активација на системот за коагулација

PT, aPTT

Зголемување - знак за активација на системот за коагулација

Прокалцитонин

Зголемување – маркер на бактериска инфекција (суперинфекција), диференцијација помеѓу вирусна или бактериска инфекција

Феритин

Зголемување – маркер на воспаление

Интерлеукин 6 (IL-6)

Зголемување – маркер за воспаление, предиктор на цитокинска бура

Срцев Тропонин, CK-MB

Зголемување – маркер за оштетување на срцевиот мускул

Гасни анализи

За проценка на оксигенација и прилагодување на вентилација

 

Важна напомена: Секој лабораториски резултат треба да се толкува во склоп со клиничката слика и наоди од други дијагностички методи.

Задолжително консултирајте се со Вашиот лекар во врска со Вашата здравствена состојба, толкување на резултатите, симптомите и третманот.

Пациентите со COVID-19 можат да ги направат сите потребни лабораториски анализи во текот на лекувањето, во делот за COVID-19 кој е одвоен од останатиот дел на лабораторијата. Анализите се прават само со претходно закажан термин на:

 

📞 071/278-529 

📞 078/218-731 

📞 071/269-623 

📞 072/319-850

Оваа услуга е достапна во следните лаборатории:

- Населба Тафталиџе во Скопје (локација 1), секој работен ден и сабота од 07.00 до 19.00 часот

- Тетово (локација 3), од понеделник до петок од 08.00-14.00 часот, во сабота од 08.00-13.00 часот.