fbpx

Најчести причинители на сексуално преносливи инфекции

Сексуално преносливите болести претставуваат група на заболувања кои доколку не се дијагностицираат и третираат навремено и правилно, може да доведат до компликации како што се неплодност, екстраутерина бременост или сериозни последици врз бременоста или новороденчињата.

Chlamydia trachomatis

Хламидиите се грам-негативни, неподвижни бактерии кои не се во можност сами да синтетизираат АТП и затоа постојат како задолжителни интрацелуларни паразити во еукариотските клетки. Постојат четири познати видови на кламидија: C. trachomatis, C. psittaci, C. pecorum и C. Pneumoniae.

Денес, C. trachomatis се смета за втор најчест предизвикувач на сексуално-преносливи болести со околу 89,1 милиони инфекции ширум светот секоја година.

Секоја година се регистрираат околу 3 милиони случаи во САД. Познато е дека C. trachomatis може да предизвика цервицитис, аднекситис, неонатален конјунктивитис, неонатална пневмонија, уретритис, епидидимитис и проктитис. Покрај тоа, C. trachomatis е најчеста причина за негонореален уретритис кај мажи (околу 25 – 55% од случаите).

Нелекуваните хламидијални инфекции кај жени може да доведат до сериозни последици. Бидејќи приближно три четвртини од овие инфекции се асимптоматски, остануваат многу случаи кои се непрепознаени и нетретирани, што предизвикува дополнителни проблеми особено кај бремените жени. Новородените деца на жени заразени со хламидија имаат висок ризик конјунктивитис и пневмонија.

Neisseria gonorrhoeae

Neisseria gonorrhoeae (гонокок) е патоген што предизвикува гонореја. N. gonorrhoeae е генетски тесно поврзана со N. Meningitidis (менингокок), причина за еден вид бактериски менингитис. Двете бактерии, инфицираат само луѓе. Покрај тоа, има различни видови на Neisseria кои припаѓаат на нормалната човечка флора; тука спаѓаат N. cinerea, N. elongata, N. flavescens, N. mucosa, N. sicca и N. subflava. Инфекциите со N. gonorrhoeae се трета најчеста причина за сексуално- преносливи болести. Во светот годишно се пријавуваат околу 62,2 милиони случаи на гонореја. Кај мажите, оваа болест генерално предизвикува уретритис на долна уретра со гноен исцедок. Кај жените, болеста обично е локализирана во цервикалната област, но исто така може да бидат зафатени вагината и матката.

Сексуално преносливи микоплазми

Микоплазмите се најмалите микроорганизми кои самостојно се реплицираат (дијам. 300-800 nm, во зависност од обликот на клетката). Бидејќи немаат клеточен sид, тие се отпорни на многу антибиотици, имаат многу променлива форма и тешко е да се идентификуваат со употреба на техники на боење.

Некои видови се јавуваат како животински и човечки паразити и се размножуваат во овие домаќини. Најважни видови човечки патогени се Mycoplasma hominis, Ureaplasma urealyticum и Mycoplasma genitalium, покрај Mycoplasma pneumoniae. Тие ја колонизираат мукоза на урогениталниот тракт и се извор на различни болести кога ќе се намножат. Организми од видот Mycoplasma hominis, Mycoplasma genitalium и Ureaplasma Urealyticum се чести предизвикувачи на сексуално-преносливи болести кај мажи и жени. Асимптоматските инфекции се чести кај жените, додека кај 70% од мажите се јавуваат симптоми како што се болести на уретрата, дизурија, иритација на пенисот и знаци на епидидимитис или простатитис.

Следниве нарушувања предизвикани од микоплазми и уреаплазми досега биле идентификувани кај жени:

Воспаление на мочниот меур (циститис), воспаление на уретрата (уретритис), воспаление на бубрезите и бубрежната карлица (пиелонефритис), воспаление на вагината (вагинитис, колпит), воспаление на цервикалната мукоза (цервицитис), воспаление на матката цевка (салпингитис), воспаление на јајцеводите и јајниците (аднекситис), воспаление на сврзното ткиво на карлицата и мукозата на матката (параметритис и ендометритис).

Кај мажите, инфекции со микоплазма и уреаплазма може да доведат до воспаление на уретрата (уретритис) и простата (простатитис).

Кај двата пола, ваквите инфекции можат да предизвикаат неплодност. Покрај тоа, Mycoplasma hominis и Уреаплазма уреалитикум може да предизвикаат постпартална пневмонија, менингитис и апсцес кај новороденчиња.

Treponema pallidum

Treponema pallidum subsp. pallidum припаѓа во група Спирохети и е предизвикувач на сифилис. Бактеријата е приближно 5 – 15 μm во должина и 0,2 μm ширина, со спирален облик.

Сифилис се јавува само кај луѓе и се пренесува со сексуален контакт, преку крв или интраутерино од мајка на дете.

Инфекцијата со T. pallidum напредува низ неколку фази доколку не се лекува: Примарна, секундарна, латентна и терцијарна фаза. Примарната инфекција се јавува во лезија на шанкр на местото каде што бактериите продираат во епителните клетки. Потоа, може да следи и зафаќање на повеќе системи. Ако се развие воспалителна реакција (доцен или терцијарен сифилис),може да се појават „гумозни” лезии на кожата. Во оваа фаза, T. pallidum исто така може да влијае на кардиоваскуларниот систем и централниот нервен систем (невросифилис).

Во Авицена Лабораторија се достапени два вида високосензитивни тестови за детекција на причинители на сексуално-преносливи инфекции:

Примерок: уретрален, ректален, анален, вагинален, цервикален или фарингeален брис.

Цена на тестот: 4200,00 денари

Време на издавање резултат: 1 час*

Потребен примерок: брис од цервикс или брис од уретра

Време на издавање резултати: 1 работен ден

Цена: 5000 денари