fbpx

„Нашата планета, нашето здравје“-Светски ден на здравјето

Секоја година на 7 април, Светската здравствена организација (СЗО) го одбележува Светскиот ден на здравјето.

Оваа година под мотото „Нашата планета, нашето здравје“, СЗО посочува дека нашето здравје и здравјето на планетата се нераздвојно поврзани, а потребата да се фокусираме на создавање здрави општества на здрава планета станува сè поочигледна.

СЗО оваа година фокусот го става кон климатските промени кои нарушуваат многу од социјалните детерминанти за добро здравје и добросостојба и доведуваат до нарушена егзистенција, влошена состојба со нееднаквостите, оштетување на инфраструктурата и отежнување на пристапот до здравствена заштита и социјална поддршка.

Погледнете го информативното видео на Светската здравствена организација за Денот на здравјето:

#WorldHealthDay#WHO#WorldHealthOrganisation