Nifty тест

СИГУРЕН ЧЕКОР ВО БРЕМЕНОСТА

Бременоста е прекрасно патување, а NIFTY тестот е сигурниот прв чекор кон мирна и информирана бременост.
NIFTY тестот е едноставен, безбеден и многу прецизен неинвазивен пренатален тест (NIPT), со кој можете да го проверите ризикот вашето бебе да има некоја од најчестите хромозомски абнормалности како Даунов, Едвардсов, Патау синдром и многу други.

Во текот на бременоста, мал дел од ДНК од плодот природно преминува во крвотокот на мајката. Оваа таканаречена фетална ДНК циркулира заедно со мајчината крв и може да се анализира со помош на NIFTY тестот. Благодарение на тоа, со земање само мал примерок венска крв од мајката, може да се добијат важни информации за здравјето и можни генетски состојби кај плодот – без никаква интервенција врз самата бременост.

Бидејќи генетски аномалии можат да се појават во секоја бременост, NIFTY тестот е соодветен за секоја жена, без оглед на возраста или постоечкиот ризик.
Особено може да биде корисен за жени:

– Кои сакаат да ја поминат бременоста со повеќе спокојство,

– Кај кои во семејната историја постојат генетски состојби,

– Kај кои скрининг тестовите во првиот триместар
покажале зголемен ризик од аномалии.

Тестот се изработува почнувајќи од 10 недела на бременоста.

Достапни Nifty пакети во Авицена Лабораторија:

Трисомии:
Даунов синдром
Едвардсов синдром
Патау синдром

+ Детекција на пол

Трисомии:
Даунов синдром
Едвардсов синдром
Патау синдром

Анеуплоидии на
полови хромозоми:

Тарнеров синдром
Клинефелтеров
синдром
Троен Х синдром
Јакобсов синдром

Останати автозомални анеуплоидии:
Трисомија 9
Трисомија 16
Трисомија 22

Делеции/ дупликации:
60 синдроми

+ Детекција на пол

Промотивна цена: 24.900 денари

Трисомии:
Даунов синдром
Едвардсов синдром
Патау синдром

Анеуплоидии на
полови хромозоми:

Тарнеров синдром
Клинефелтеров
синдром
Троен Х синдром
Јакобсов синдром

Останати автозомални анеуплоидии:
Трисомија 9
Трисомија 16
Трисомија 22

Делеции/ дупликации:
92 синдроми

+ Детекција на пол

Промотивна цена: 29.900 денари

Има повеќе од 99% чувствителност и специфичност за детекција на најчестите трисомии.
Има најповолни цени на пазарот на пренатални тестови.
Погоден е за секоја жена без разлика на возраста.
Тестовите се погодни и за близначки бремености, ин витро оплодување, бремености со донирана јајце-клетка, како и за жени со историја на повторливи спонтани абортуси.
Тестовите се целосно без ризик, за разлика од инвазивните процедури.
Резултатите се добиваат за 7 работни денови