Оглас – Оператор во контакт центар

Станете дел од нашиот тим

Опис на работната позиција:

Операторот во контакт центар е одговорен за обезбедување услуги на клиенти и нивна техничка поддршка преку телефон и/или е-маил адреса.
Вработениот на оваа работна позиција одговара на барањата на клиентите и обезбедува информации за услугите на компанијата како и општи информации за компанијата. Операторот покажува професионалност, познавање и трпеливост во интеракциите со клиентите.

Потребни квалификации:

• Завршено минимум средно образование
• Познавање на англиски јазик
• Активно познавање на работа со компјутери и MS Office
• Претходно работно искуство и/или стручни компетенции во иста или слична област ќе се смета за предност

Работни одговорности:

• Одговарање на дојдовни телефонски повици и е-пошта од корисниците на услуги во лабораториите;
• Закажување термини за извршување определена услуга, информирање и советување на корисниците на услуги во лабораториите;
• Aдминистрирање на добиените информации во базата на податоци;
• Останата административна поддршка во работењето.

Потребни вештини и способности:

• Одлични комуникациски и организациски способности
• Професионален и љубезен однос кон клиентите
• Способност за индивидуална и тимска работa
• Способност за брзо учење, самоиницијативност и динамичност

Работно време од 40 часа неделно, распределено во 2 смени – од понеделник до петок, како и сабота во зависност од интерната организација и работното време на лабораториите.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicenalab.com.mk со назнака “за оглас за Оператор во Контакт Центар” или на бул. ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 5 (пет) работни дена, односно од 20.12.2025 година до 27.12.2025 година.

Аплицирај

    * Со притискање на копчето „испрати“ се согласувате личните податоци да се чуваат во датабаза на ПЗУ Авицена лабораторија за регрутација на кадар.
    * Повеќе информации околу заштита на лични податоци можете да прочитате во За нас > Политика на приватност и заштита на личните податоци.