По - Пт: 07:00 - 19:30 / Саб: 07:00 - 14:00
Опис на работната позиција:
Медицинскиот лабораториски техничар е одговорен за правилно земање на материјал за лабораториска анализа според стандардизирана лабораториска процедура, правилна припрема и обработка на примениот биолошки материјал. Вработениот на оваа работна позиција покажува професионалност, познавање и трпеливост во интеракциите со пациентите.
Потребни квалификации:
• Завршено средно образование за медицински лабораториски техничар со положен стручен испит или ВСС од соодветната област
• Работно искуство како медицински лаборант ќе се смета за предност
• Познавање на англиски јазик
• Познавање работа со компјутери-MS office
• Возачка дозвола – Б категорија
Работни одговорности:
− Врши прием на пациенти и правилно земање на материјал за лабораториска анализа според стандардизирана лабораториска процедура ( соодветно ракување и обележување);
− Одговорен е за посета на здравствени организации со кои соработуваме, земање на материјал од пациенти и правилна дистрибуција на материјалот до соодветно место во лабораторијата;
− Врши изработка на анализи на соодветната апаратура во лабораторијата;
− Води уредна евиденција на медицинска документација како и евиденција во компјутерски систем;
− Постапува согласно стандардна процедура за прием на материјал од терен;
− Врши други работни задачи како дел од работниот процес значајни за лабораторијата како и други работни задачи по налог на работодавачот во делокругот на работењето.
Потребни вештини и способности:
• Професионален и љубезен однос кон пациентите
• Примена на знаењето и искуство во тек на работата
• Следење на иструкции и процедури за работа
• Способност за индивидуална и тимска работa
• Способност за брзо учење, самоиницијативност и динамичност
Работно време од 40 часа неделно, распределено во 2 смени – од понеделник до петок, како и сабота во зависност од интерната организација и работното време на лабораториите.
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicenalab.com.mk со назнака “за оглас за Медицински лабораториски техничар” или на бул. ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 5 (седум) работни дена, односно од 19.12.2025 година до 25.12.2025 година.