Оглас – Техничар за логистика и одржување на објекти

Станете дел од нашиот тим

Опис на работната позиција:

Техничарот за логистика и одржување на објекти е задолжен за логистичка координација и техничко одржување на објектите.

 

Потребни квалификации:

  • Средно техничко образование (електро, машинско, градежно или друго сродно образование)
  • Работно искуство во техничко одржување или логистика
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Организираност, одговорност и способност за самостојна работа
  • Компјутерски вештини и познавање на MS Office

 

 

Работни одговорности:

  • Техничко одржување на објектите (основни технички интервенции);
  • Следење на исправноста на инвентарот на сите локации на лабораторијата, детекција на дефекти и иницирање на мерки за нивно отстранување;
  • Комуникација со надворешни добавувачи и водење евиденција за технички интервенции и контрола на потрошен материјал;
  • Координација при спецификација за потребен материјал за набавка и реализација на процесот на набавка;
  • Грижа за безбедноста и функционалноста на работната средина во соработка со раководни лица;
  • Поддршка при организација и изведување на теренски активности ( по потреба).

 

Што нудиме:

  • Стабилна и професионална работна средина
  • Можност за долгорочен ангажман
  • Работа во динамична средина и можност за професионален развој

 

Работно време од 40 часа неделно, распределено во 5 или 6 дневна работна недела, во зависност од интерната организација и работното време на лабораториите.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicenalab.com.mk со назнака за оглас за Техничар за логистика и одржување на објекти” или на бул.  ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 5 (пет) работни дена, односно од 11.03.2026 година до 18.03.2026 година.

Аплицирај

    * Со притискање на копчето „испрати“ се согласувате личните податоци да се чуваат во датабаза на ПЗУ Авицена лабораторија за регрутација на кадар.
    * Повеќе информации околу заштита на лични податоци можете да прочитате во За нас > Политика на приватност и заштита на личните податоци.