Оглас – Оператор на приемен оддел (половина работно време)

Станете дел од нашиот тим

Опис на работната позиција:

Операторот на Приемен оддел е одговорен за соодветен прием на пациенти со почит и внимание, како и одржување на непречена комуникација со нив во тек на користење на лабораториските услуги.

Потребни квалификации:

• Завршено минимум средно образование
• Познавање на англиски јазик
• Активно познавање на работа со компјутери и MS Office
• Претходно работно искуство и/или стручни компетенции во иста или слична област ќе се смета за предност

Работни одговорности:

• Врши прием на пациенти и наплата на лабораториски услуги;
• Секојдневно одржува телефонска и е-маил комуникација со пациенти и доктори со цел давање информации како и испраќање резултати;
• Врши издавање резултати на пациенти во лабораторијата;
• Обезбедува комплетна административна поддршка во одделот.

Потребни вештини и способности:

• Одлични комуникациски и организациски способности
• Професионален и љубезен однос кон клиентите
• Способност за индивидуална и тимска работa
• Способност за брзо учење, самоиницијативност и динамичност

Работно време од 20 часа неделно (пола работно време)

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicenalab.com.mk со назнака “за оглас за Оператор на Приемен Оддел” или на бул. ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 5 (пет) работни дена, односно од 16.1.2026 година до 23.1.2026 година.

Аплицирај

    * Со притискање на копчето „испрати“ се согласувате личните податоци да се чуваат во датабаза на ПЗУ Авицена лабораторија за регрутација на кадар.
    * Повеќе информации околу заштита на лични податоци можете да прочитате во За нас > Политика на приватност и заштита на личните податоци.