fbpx

Оглас – Сметководител

Станете дел од нашиот тим

Опис на работната позиција:

Сметководителот е одговорен за квалитетно и навремено извршување на доделени стручни работни задачи од областа на сметководство и финансии, сметководствено евидентирање, синтетичка и аналитичка сметководствена евиденција и проверка на фактури и книжење.

Работни одговорности:

    • Сметководствено евидентирање согласно законски прописи, обврски и побарувања – контирање и книжење на влезна и излезна документација врз основа на веродостојни, вистинити и уредни сметководствени документи, согласно закон;

    • Водење синтетичка и аналитичка сметководствена евиденција на побарувања и обврски;

    • Врши проверка и потврда на секоја влезна фактура како и нејзино книжење;

    • Сметководствено евидентирање на наплата на побарувањата и евидентирање  и плаќање на достасани обврски;

    • Води материјална евиденција на основни средства и ситен инвентар;

    • Врши благајничко работење (евиденција и исплата на патни сметки);

    • Врши изработка на излезни фактури;

    • Води материјално книговодство и врши евиденција на залихи

    • Врши изработка на одлуки за набавка и продажба на основни средства како и нивен внес во програм;

    • Врши други работни задачи како дел од работниот процес значајни за лабораторијата како и други работни задачи по налог на работодавачот во делокругот на работењето.

Потребни квалификации:

    • Образование : ССС/ВСС од соодветна област

    • Работно искуство како сметководител (минимум 2 години)

    • Солидно познавање на финансиски прописи и усогласеност

    • Искуство во работа со сметководствен софтвер и познавање на работа – MS office

    • Познавање на англиски јазик

Потребни вештини и способности:

    • Организациски вештини

    • Комуникациски вештини

    • Способност за индивидуална и тимска работа

    • Следење на иструкции и процедури за работа

    • Способност за брзо учење, самоиницијативност и динамичност

Што нудиме:

    • Работа во стабилна и професионална средина

    • Можности за развој и стручно усовршување

    • Бенефити за вработени согласно интерна програма на компанијата

Работно време од 40 часа неделно – од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicenalab.com.mk со назнака за оглас – Сметководител или на бул.  ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 5 (пет) работни дена, односно од 02.06.2025 година до 09.06.2025 година.

Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од :

    • доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 45 дена,

    • од 201 до 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 90 дена и

    • над 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.

Напомена: ПЗУ Авицена лабораторија Скопје сите апликации за вработување ќе ги третира како строго доверливи. Согласно Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри во компанијата, кое гарантира дека освен за наведената цел Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, ниту пак достапни на трети лица и воедно напоменуваме дека сите апликации ќе бидат чувани 12 месеци, сметано од денот на нивниот прием, освен во случај кога апликанотот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истек на утврдениот рок.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Аплицирај

    * Со притискање на копчето „испрати“ се согласувате личните податоци да се чуваат во датабаза на ПЗУ Авицена лабораторија за регрутација на кадар.
    * Повеќе информации околу заштита на лични податоци можете да прочитате во За нас > Политика на приватност и заштита на личните податоци.