Оглас – Специјалист за стратешки развој и усогласеност со регулатива

Станете дел од нашиот тим

Опис на работната позиција:

 

Специјалистот за стратешки развој и усогласеност со регулатива има клучна улога во интеграција на стратегијата на компанијата во тековните регулативи и медицински стандарди по кои работи лабораторијата, со цел обезбедување квалитетни, безбедни и иновативни услуги за пациентите.

 

Потребни квалификации:

 

  • Завршено високо образование од соодветна област ( Медицински факултет/Биомедицински науки/Фармација или Здравствен менаџмент)
  • Работа во дијагностика/лабораторија особено искуство во здравствен менаџмент или медицински претставник ќе се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање работа со компјутери-MS office
  • Возачка дозвола – Б категорија

 

Работни одговорности:

А) Стратешки развој

  • Анализа на пазар и изработка на стратегија за раст и развој на компанијата;
  • Следење трендови во лабораториска медицина;
  • Анализа на нови лабораториски тестови и технологии;
  • Развој на партнерства и креирање планови за промоција на лабораториски услуги.

 

Б) Регулаторна усогласеност

  • Води комуникација со надлежните институции за прашања поврзани со дејноста;
  • Одговорен е за ажурирање на дозволите за работа и договорите склучени со ФЗОМ;
  • Го анализира и усогласува работењето согласно барањата од законската регулатива од област на здравство и здравствено осигурување.

 

В) Квалитет и процеси

  • Соработка со менаџмент и лабораториските тимови за усогласување на услугите со потребите на пазарот;
  • Учество во подготовка на промотивни материјали согласно интерни стандарди;
  • Ja претставува компанијата на конгреси и конференции, учествува на стручни состаноци, предавања на стручни теми.

 

Потребни вештини и способности:

 

  1. Клучна компетенција – Стратешко размислување:
  • Разбирање на здравствен пазар и конкуренција;
  • Способност за препознавање нови можности;
  • Вклученост во развој на услуги и позиционирање.

 

  1. Стручен кредибилитет:
  • Познавање на лабораториски анализи и дијагностика,
  • Висок степен на професионален авторитет пред високостручен здравствен кадар.
  1. Одлични комуникациски и презентациски вештини, комфор во комуникација со јавност;
  2. Аналитички вештини;
  3. Регулаторна и етичка свесност.

 

Работно време од 40 часа неделно, од 8:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок.

 

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicenalab.com.mk со назнака за оглас за Специјалист за стратешки развој и усогласеност со регулатива” или на бул.  ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 7 (седум) работни дена, односно од 15.04.2026 година, најдоцна до 23.04.2026 година.

Аплицирај

    * Со притискање на копчето „испрати“ се согласувате личните податоци да се чуваат во датабаза на ПЗУ Авицена лабораторија за регрутација на кадар.
    * Повеќе информации околу заштита на лични податоци можете да прочитате во За нас > Политика на приватност и заштита на личните податоци.