Детална генетска слика за здравјето на вашето малечко!
“Oreana” – Тест кој овозможува детална генетска слика за здравјето на новороденчиња, доенчиња и мали деца. Тестот е развиен со помош на најнова генерација биоинформатичка анализа и помага да се детектираат 106 нарушувања кои можат да направат пречки во развој кај децата.
Неонаталниот скрининг Oreana може да открие состојби што може да се третираат или што може да се стават под контрола уште пред појавата на првите симптоми. Со помош на раниот третман и план за спречување на болеста, може да се избегнат симптомите, а здравствените проблеми може да се сведат на миниум или целосно да се спречат.
Oreana, исто така, може да се користи и кај новороденчиња, доенчиња и деца што покажуваат симптоми на генетска болест што тешко може да се идентификува. Во вакви случаи, Oreana може да помогне во изборот на соодветна терапија, која ќе му помогне на детето.
Неонаталниот тест за скрининг Oreana e наменет за 106 генетски нарушувања што подлежат на третман или, пак, чија состојба може да се подобри благодарејќи на раната детекција. Меѓу другите, со помош на Oreana се врши тестирање на:
Со Oreana, се врши раната детекција на состојби што може да го променат животот на детето, како и може да има голем придонес за здравјето и квалитетот на животот. Почетните симптоми на голем број од овие состојби вклучуваат недостиг на енергија, проблеми со дишењето, повраќање, тешкотии со хранењето и епизоди на метаболни кризи што налагаат итна нега. Иако третманот може да започне откако детето ќе почне да ги покажува првите симптоми, што може да се случи неколку седмици или месеци по раѓањето, растот и развојот на детето веќе се засегнати од состојбата. Раната детекција и започнувањето на третманот колку што е можно порано е најсоодветниот начин за спречување на појавата на симптоми или за сведување на минимум на влијанието на состојбата.
Со помош на Oreana може да се тестираат 142 гени и 106 автосоматски рецесивни, автосоматски доминантни и Х-поврзани хромозомски нарушувања. Нарушувањата што се тестираат со помош на Oreana се вклучени во Панелот за препорачани униформни скрининзи, што претставува список на нарушувања избрани врз основа на препораките на Американскиот колеџ за медицинска генетика (АКМГ) за скрининг кај новороденчиња, со чија рана детекција може да се спречат или да се намалат сериозните последици на одредени состојби, како што се застој во развојот, когнитивни нарушувања, невролошки и физички тешкотии.
Тестот Oreana е корисен за:
• Асимптоматски доенчиња
за рана идентификација на состојби што првично не предизвикуваат никакви симптоми, при што бебињата не покажуваат никакви знаци на болест. Меѓутоа, откако ќе се појават симптомите, штетата што може да ја предизвикаат може да биде непоправлива и да доведат до брзо влошување на здравјето на детето, па токму затоа раната детекција е многу корисна.
• Симптоматски доенчиња
што покажуваат знаци и симптоми на болест што тешко може јасно да се идентификува токму поради сложеноста или променливоста на симптомите. Во вакви случаи, тестот Oreana може точно да ја идентификува генетската мутација (промената во ДНК) што е одговорна за болеста и може да помогне детето да го добие оптималниот здравствен третман.
ЕДНОСТАВЕН ПРИМЕРОК
Тестирањето е брзо и безбедно за дечињата. За изработка на Oreana, во Авицена Лабораторија се користат специјализирани меки стапчиња со кои се зема биолошки материјал од внатрешноста на образот на детето, со кружни движења. Постапката е безболна и трае само неколку секунди.
БРЗИ РЕЗУЛТАТИ
Резултатите се добиваат брзо, па така, ако е потребно, вашето бебе може да започне со соодветен третман во најкраток можен рок.
СУПЕРИОРНА ТЕХНОЛОГИЈА
Супериорна технологија развиена од врвни експерти што дава точни резултати.
ПРЕЦИЗНА ДЕТЕКЦИЈА
Врши тестирање на генетски мутации што предизвикуваат болести пропратени со сериозни здравствени проблеми.
ДЕТЕКТИРА 106 НАРУШУВАЊА
Ги надополнува рутинските програми за скрининг кај новороденчиња со кои се тестираат помал број нарушувања.
КОГА Е ИДЕАЛНОТО ВРЕМЕ ДА СЕ НАПРАВИ ТЕСТОТ?
Вашето дете може да се тестира по раѓањето, сè до раното детство. Идеално, колку порано се изврши тестирањето, толку порано ќе се знае дали детето е засегнато од дадена состојба и ќе може да започне со третман, а со тоа ќе се спречат симптомите или, пак, влијанието на болеста ќе се сведе на минимум.
КОИ СОСТОЈБИ МОЖЕ ДА СЕ ТЕСТИРААТ СО Oreana?
Со помош на Oreana може да се тестираат 106 генетски состојби, со чија рана детекција може да се спречат или да се намалат сериозните последици на одредени состојби, како што се застој во развојот, когнитивни нарушувања, невролошки и физички тешкотии. Тестираните состојби може да се јават како резултат на наследна состојба од родителите што не се свесни за нивниот статус на носители, со или без претходна семејна историја на такво нарушување.
КОЛКУ ЧИНИ ТЕСТОТ Oreana?
Цена: 27.900 денари.
Кое е времето на издавање резултати за Oreana?
Издавање резултати: 2- 3 СЕДМИЦИ
ДАЛИ Е ПОТРЕБЕН ЗАКАЖАН ТЕРМИН?
За да се изработи тестот не е потребен закажан термин. Можете да нé посетите во рамките на работното време на нашите лаборатории.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАШАЊА?
Ако имате дополнителни прашања во врска со тестот, обратете се кај вашиот лекар или исконтактирајте нé на lab@avicenalab.com.mk или преку нашиот контакт центар: 02 3179 001.
Листа на нарушувања кои се тестираат со Oreana.
Погледнете ја брошура Oreana тука.