PNEUMOSLIDE – тест преку крв за истовремено откривање на 9 видови бактерии и вируси, причинители на најчестите инфекции на дишните патишта кои не се откриваат со класични методи
ЗОШТО PNEUMOSLIDE?
1. Точно и брзо откривање на причинители на невообичаени инфекции
2. Можност за најсоодветно лекување
3. Се скратува времетраењето на болеста
4. Без ризик од резистенција кон дадените лекови
5. Штеди време и средства
6. Спречува развој на компликации
7. Идентификација на 9 респираторни атипични патогени одеднаш
8. Со само еден тест, резултати истиот ден
ШТО Е PNEUMOSLIDE?
PNEUMOSLIDE претставува индиректен имунофуоресцентен тест кој овозможува детекција на IgG и IgM антитела од серум на пациент, за 9 поединечни атипични патогени одеднаш.
– Mycoplasma pneumoniae
– Legionella pneumophila
– Chlamydia Pneumoniae
– Coxiella burnetii
– Adenovirus
– Respiratoren Sinicijalen Virus
– Influenza A
– Influenza B
– Parainfluenza (serotipovi 1,2,3)
Запомнете! Голем број од респираторните инфекции се предизвикани од горенаведените атипични патогени и истите се виновни за исклучително висок морбидитет и морталитет.
КОГА PNEUMOSLIDE?
Индициран е кај сите респираторни инфекции!
□ Најголем број од респираторните инфекции се етиолошки недокажани
□ Многу често се вклучени повеќе патогени
□ Уште почесто се среќава мешана инфекција
Особенo кај:
► Пролонгирани и повторувачки респираторни инфекции
► ХОББ (хронична Опструктивна Белодробна Болест)
► Мали деца
► Стари луѓе
► Кардиопулмонални, хронични неподвижни болни
► Луѓе со компромитиран имун систем
► Екстрапулмонални манифестации
Примерок: Венска или капиларна крв
Издавање резултати: Истиот ден за прием на пациенти до 13 часот