По - Пт: 07:00 - 19:30 / Саб: 07:00 - 14:00
Заштитата на личните податоци ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА ја обезбедува за своите пациенти, соработници, вработените и сите други субјекти (физички лица на кои се однесуваат обработените податоци), чии лични податоци по било кој основ (согласност, договор и др.) на било кој начин се обработуваат во ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА.
Одредени изрази кои се употребени во оваа Политика, а се поврзани со заштитата на личните податоци, го имаат истото значење како изразите кои се пропишани со Законот за
заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2005, 103/2008, 124/2008, 124/2010, 135/2011, 43/2014, 153/2015 и 99/2016).
Личните податоци во ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА се обработуваат исклучиво во согласност со моментално важечките законски и подзаконски прописи од областа на
заштитата на личните податоци, како и законската и подзаконската регулатива од областа на здравствената заштита и уредување на работата на здравствените установи.
Заштитата на личните податоци се гарантира на секое физичко лице без дискриминација заснована врз неговата националност, раса, боја на кожата, верски уверувања, етничка припадност, пол, јазик, политички или други верувања, материјална положба, потекло по раѓање, образование, социјално потекло, државјанство, место или вид на престој, сексуална определба или кои било други лични карактеристики.
Личните податоци се собираат, употребуваат и чуваат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели. Личните податоци на субјектите се чуваат во форма што овозможува идентификација на субјектот на лични податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка.
ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА обезбедува целосна доверливост, интегритет и заштита на личните податоци на субјектите. Нашата Лабораторија ги превзема сите нужни организациски, административно, технички и физички мерки за заштита на личните податоци кои се обработуваат и истите во секое време ги штити од случајно или незаконско уништување, губење, преправање, неовластено откривање или пристап како и од било какви незаконски облици на обработка.
Личните податоци кои ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА ги прибира ќе бидат соодветни, релевантни и не преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат.
Сите вработени во ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА се должни во согласност со законската и подзаконската регулатива, како и со внатрешните акти, да се грижат за
заштитата на личните податоци. Вработените во ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА се должни да го пријават секој случај на повреда на заштитата на личните податоци до непосредните раководители.
АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА нема да ги направи достапни личните податоци кои се обработуваат пред трета страна, освен во случај каде што тоа е законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи по судски барања/наредби или барања/наредби од страна на други овластени со закон државни органи и институции или Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Секој субјект на лични податоци има право да поднесе Барање за пристап и исправка на своите лични податоци кои ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА ги обработува.
Личните податоци кои се прибираат преку web страната www.avicenalab.com.mk, ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА ги обработува во согласност со одредбите утврдени погоре во оваа политика.
За било какви прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци, субјектите се овластени во секое време да не контактираат на lab@avicenalab.com.mk
Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци, тие ќе бидат соодветно инкорпорирани во овој документ и објавени на видно место за сите субјекти.
Почитувани пациенти, по пат на оваа Изјава за заштита на правата на пациентите (во понтамошниот текст “Изјава”), Приватната здравствена установа – дијагностичка лабораторија АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА Скопје, со седиште на ул.“8-ми Септември“ број 2 Скопје, Карпош, со ЕМБС 6049028 Ви доставува информации во врска со начинот на кој ги обработуваме Вашите лични податоци и правата кои ги имате врз основа на Законот за заштита на личните податоци.
Со цел да ги извршиме лабораториските анализи кои Ви се потребни, можете да се обратите во АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА на некој од нашите пултови врз основа на приложен упат за вршење лабораториски анализи на товар на Фондот за здравствено осигурување на РСМ (во понатамошниот текст: ФЗОМ), упат за вршење лабораториски анализи кои не се на товар на ФЗОМ или врз основа на Барање за изработка на анализи потпишано од пациентот.
Во случај на прекин на работата на системот „Мој термин“ или прекин на конекцијата на нашиот систем во системот „Мој термин“, во сите горенаведени случаи, податоците се внесуваат рачно од страна на операторот на пулт.
Телефонскиот број е податок кој операторот на пулт може да го внесе во систем по усно укажување од пациентот.
Податоците наведени во упатот, односно барањето се составен дел од резултатот, заедно со податоците од извршените анализи.
Дополнителен податок што можете да ни го оставите е Вашата е-маил адреса за достава на резултатот од анализите. Резултатите можете да ги преземете од нашата веб страница со внесување на приемниот број/код на прием и е-маил адреса.
Цел на собирање на Вашиот телефонски број и е-маил адреса како личен податок е да Ве контактираме околу изработката на анализите и да Ви ги испратиме резултатите од Вашите анализи преку е-маил. Е-маил адресата не е задолжителен податок кој мора да го доставите, меѓутоа во тој случај резултатите ќе мора да ги подигнете резултатите во хартиена форма од нашите простории.
Останатите податоци наведени погоре ги обработуваме со цел пружање соодветни услуги од областа на дејноста на АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА, како дијагностичка лабораторија согласно член 71 од Законот за здравствена заштита, односно прибирање лабораториски примероци, обработка и анализа со примена на дијагностичка опрема, апаратура и физичкодијагностички методи со листа на здравствени услуги за потребата на примарната или специјалистичко-консултативната дејност. Дополнително, обработката на личните податоци се врши согласно член 33 став 2 од Законот за евиденциите од областа на здравството, како и сите релеванатните одредби од законот и истите ни се неопходни за остварување на целите за пружање на здравствените услуги кон Вас како наши пациенти.
По изработка на анализите, истите се внесуваат во посебен софтвер кој е поврзан со Вашите е-маил адреси и преку кои резултатите директно се испраќаат до Вас, освен доколку сте одлучиле да не оставите Ваша е-маил адреса, односно доколку сте одлучиле резултатите да ги подигнете во хартиена форма. Софтверот го одржува надворешна ИТ компанија, а податоците се пренесуваат на cloud сервис лоциран во рамки на ЕУ.
Доколку анализите ги вршите врз основа на упат за вршење лабораториски анализи (без разлика дали истите се на товар на ФЗОМ или не), резултатите од анализите ги доставуваме и до лекарот кој го издал упатот.
Исто така, во случај на добивање позитивен резултат на одредена заразна болест согласно член 23 и член 24 од Закон за заштита на населението од заразни болести, податоците од Вашите анализи сме должни да ги доставиме и до Министерство за здравство, Центар за јавно здравје и Државен и санитарен здравствен инспекторат.
Податоците од Вашите анализи ги чуваме за период од 15 години согласно одредбите од Законот за евиденции од областа на здравството.
Податоците кои дополнително ги внесуваме во нашиот систем, односно е-маил адреса и телефонски број ги чуваме за период од 15 (петнаесет) години сметано од денот на последно извршување на анализа на крв, врз основа на легитимен интерес. Имено, со чување на е-маил адресата во наведениот временски период ја намалуваме потребата од повторно внесување на овие податоци во системот при секое доаѓање на пациентот, со што се намалува и можноста за техничка грешка како резултат на човечки фактор.
Документите во хартиена форма, односно упат од лекар и барање за изработка на анализи ги чуваме за период од 5 години согласно Упатство за здравствени установи за начинот на контрола и складирање на оригинална документација од пружени здравствени услуги во специјалистичко консултативна и болничка здравствена дејност на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, имајќи предвид дека истите содржат пресметка на наплатените износи, односно финансиска документација.
Како пациенти чиишто податоци обработуваме, Вие ги уживате следните права согласно Законот за заштита на личните податоци:
Право на пристап
Согласно член 19 од Законот за заштита на личните податоци имате право да побарате информации за следното:
Право на исправка
Согласно член 20 од Законот за заштита на личните податоци имате право да добиете исправка или дополнување на своите лични податоци ако сметате дека податоците се неточни, непотполни или нeажурни (со исклучок на податоците содржани во упатите кои се веќе генерирани од системот “Мој термин“ и каде што немаме можност за измена).
Право на бришење
Согласно член 21 од Законот за заштита на личните податоци, имате право да побарате бришење на своите лични податоци ако е исполнет некој од следниве услови:
Право на ограничување на обработката
Согласно член 22 од Законот за заштита на личните податоци, имате право да ја ограничите обработката на своите лични податоци ако исполнет некој од следниве услови:
Право на преносивост на податоците
Согласно член 24 од Законот за заштита на личните податоци, имате право да ги добиете своите лични податоци во структурирана, вообичаено користена и машински читлива форма, за целите на преносот на тие податоци до друг контролор, под одредени услови.
Право на приговор
Согласно член 25 од Законот за заштита на личните податоци, имате право да се противите на обработката, ако обработката на личните податоци се засновува на јавен интерес или легитимен интерес, која вклучува профилирање или автоматизирано донесување одлуки, или ако Вашите лични податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг.
Право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци
Ако сметате дека личните податоци не се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.
Право на повлекување на согласност
Според Законот за заштита на личните податоци, доколку некоја обработка се извршува на основа на Ваша согласност, имате право да ја повлечете својата согласност за обработка на личните податоци во било кое време. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката што се базира на согласноста пред нејзиното повлекување.
Остварување на Вашите права
Доколку сакате да остварите некое од правата во врска со своите лични податоци, можат да контактирате со нашиот офицер за заштита на податоци во било кој момент на е-маил адресата kuzmanovska@tjlaw.com.mk. Со цел олеснување на процесот на остварување на Вашите права, соодветни обрасци се објавени на веб страницата кои можете да ги искористите.
Со почит,
ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА
Со оваа Политика на приватност на Ви доставуваме информации за обработката на лични податоци која ја вршиме кога ја посетувате нашата интернет страна, односно информации за контролорот, офицерот за заштита на личните податоци, субјектите на лични податоци, лични податоци кои ги обработуваме, начин на собирање на личните податоци, цел на обработката, период на чување на личните податоци, корисници на личните податоци, како и Вашите права по однос на личните податоци.
Контроллор на личните податоци кои ги обработуваме преку веб страницата е ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА, со седиште на булевар 8ми Септември број.2 Скопје и ЕМБС:6049028.
Наш офицер за заштита на личните податоци е Маја Клифова, со e-mail адреса maja.klifova@avicenalab.com.mk која можете да ја контактирате доколку Ви е потребна информација за остварување/заштита на Вашите права од областа на личните податоци.
Лични податоци кои доброволно ни ги доставувате:
– име и презиме;
– датум на раѓање;
– пол, адреса;
– населено место;,
– контакт телефон;
– e-mail адресa;
– лични податоци кои ни ги доставувате во Вашето CV;
– име и презиме;
– e-mail адреса;
– лични податоци содржани во Вашата порака.
Други податоци кои се собираат при Вашата посета на веб страницата
При Вашата посета на веб страницата може да се собираат и други податоци, како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, име на оперативниот систем, IP (интернет протокол) адреси и сл. Со собирањето на овие податоци не се врши Ваша идентификација. Воедно, може да собираме и одредени податоци со колачињата кои ги користиме, за што можете подетално да се информирате во Политиката за колачиња.
Обработката на лични податоци се извршува од страна на вработени во АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА Скопје кои се соодветно обучени за заштита на лични податоци, при што Вашите лични податоци не ги доставуваме на користење на трети лица, освен доколку сме законски обврзни за истото по барање на надлежен орган.
Податоците кои ни ги доставувате при пополнување на апликација за вработување ги чуваме во рок од една година, освен ако со Вас не е заснован работен однос.
Податоците кои ни ги доставувате преку полето Контакт или преку нашата е-маил адреса ги чуваме во зависност со содржината на пораката, согласно законот и нашите интерни акти.
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се следните:
Имате право во секој момент да ја повлечете согласноста за обработка на личните податоци кои ги обработувме по тој основ преку соодветно обраќање до нашиот офицер за заштита на личните податоци.
Повлекување на согласноста не влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.
Политиката за приватност може да се измени/дополни кои ќе имаат важност од денот на нивно објавување.
Политика за користење колачиња
Во оваа Политика за користење колачиња даваме кратко објаснување за тоа што претставуваат колачињата, кои видови колачиња ги користиме, целта поради која користиме колачиња, информациите што ги собираме преку колачињата, колку време ги чуваме податоците собрани преку колачињата и како може да ги контролирате поставките за колачиња.
Што претставуваат колачиња?
Колачиња („cookies“) се мали текстуални датотеки што се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилниот телефон од страна на веб-страниците што ги посетувате и не се користат со цел ваша идентификација.
Дали постои можност да се исклучат/контролираат колачињата?
Прифаќањето на горенаведените колачиња не е задолжително за користењето на веб-страницата, но тие овозможуваат подобро корисничко искуство.
Може да ги избришете или да ги блокирате, но во тој случај, можно е одредени функционалности на веб-страницата да не функционираат правилно.
Какви колачиња користиме, за која цел и во кое времетраење?
Колачињата што ги користиме на нашата веб-страница се детално опишани подолу:
Секогаш се вклучени
Потребните колачиња се апсолутно потребни за соодветно функционирање на веб-страницата. Овие колачиња ги овозможуваат основните функционалности и безбедносни карактеристики на веб-страницата на анонимен начин.
Колаче | Времетраење | Опис |
cookielawinfo-checkbox-advertisement | 1 година |
Согласно плагинот за согласност за колачиња утврден со Општата регулатива за заштита на личните податоци, ова колаче се користи за зачувување на согласноста на корисникот за користење колачиња во категоријата „Реклами“. |
cookielawinfo-checkbox-analytics
|
11 месеци
|
Ова колаче е утврдено согласно плагинот за согласност за колачиња утврден со Општата регулатива за заштита на личните податоци. Ова колаче се користи за зачувување на согласноста на корисникот за користење колачиња во категоријата „Аналитика“. |
cookielawinfo-checkbox-functional
|
11 месеци
|
Ова колаче е утврдено согласно согласноста за колачиња утврдена со Општата регулатива за заштита на личните податоци за зачувување на согласноста на корисникот за користење колачиња во категоријата „Функционално“. |
cookielawinfo-checkbox-necessary
|
11 месеци
|
Ова колаче е утврдено согласно плагинот за согласност за колачиња утврден со Општата регулатива за заштита на личните податоци. Ова колаче се користи за зачувување на согласноста на корисникот за користење колачиња во категоријата „Потребно“. |
cookielawinfo-checkbox-others
|
11 месеци |
Ова колаче е утврдено согласно плагинот за согласност за колачиња утврден со Општата регулатива за заштита на личните податоци. Ова колаче се користи за зачувување на согласноста на корисникот за користење колачиња во категоријата „Останато“. |
cookielawinfo-checkbox-performance
|
11 месеци
|
Ова колаче е утврдено согласно плагинот за согласност за колачиња утврден со Општата регулатива за заштита на личните податоци. Ова колаче се користи за зачувување на согласноста на корисникот за користење колачиња во категоријата „Пеrформанси“. |
viewed_cookie_policy
|
11 месеци
|
Ова колаче е утврдено согласно плагинот за согласност за колачиња утврден со Општата регулатива за заштита на личните податоци и се користи со цел да се зачува информацијата за тоа дали корисникот се согласил на користење колачиња. Ова колаче не зачувува лични податоци. |
Функционалните колачиња имаат одредени функционални улоги, како што се споделување содржини од веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и останати надворешни функционалности.
Колаче | Времетраење | Опис |
pll_language
|
1 година
|
Колачето „pll _language“ се користи од страна на „Polylang“ со цел зачувување на јазикот избран од корисникот при повторното пристапување на веб-страницата, како и за добивање информации во врска со јазикот кога не е достапен на друг начин. |
Перформансните колачиња се користат со цел да се разберат и да се анализираат клучните показатели за перформанси на веб-страницата што помага за постигнување подобро корисничко искуство за посетителите.
Перформансно колаче
__utma
2 години
Ова колаче се поставува од Google Analytics и се користи со цел да се направи дистинкција помеѓу корисниците и сесиите. Колачето се креира кога библиотеката JavaScript ги извршува своите команди и нема постојни колачиња __utma. Колачето се ажурира секојпат кога се праќаат податоци до Google Analytics.
__utmc
Колаче за сесии
Колачето се поставува од страна на Google Analytics и се брише кога корисникот го затвора прелистувачот. Се користи со цел интероперабилност со urchin.js, а тоа, всушност, е постара верзија на Google Analytics и се користи заедно со колачето __utmb со цел утврдување нови сесии/посети.
__utmz
6 месеци
Google Analytics го поставува ова колаче со цел чување на изворот на сообраќајот или кампањите од каде што посетителот пристапил на веб-страницата.
__utmt
10 минути
Google Analytics го поставува колачето со цел инхибирање на стапката на барање.
__utmb
30 минути
Google Analytics го поставува ова колаче со цел утврдување на новите сесии/посети. Колачето __utmb се креира кога библиотеката JavaScript ги извршува своите команди и нема постојни колачиња __utma. Колачето се ажурира секојпат кога се праќаат податоци до Google Analytics.
Функционални колачиња
__fb_chat_plugin
никогаш
Ова колаче се користи со цел следење на интеракцијата на корисникот со виџетот за разговори на Фејсбук.
messaging_plugin_https://avicenalab.com.mk/_148011668584053
никогаш
Ова колаче се користи од страна на Фејсбук за да се овозможат функционалностите на виџетот за разговори.
Аналитичките колачиња се користат со цел да се разбере на кој начин посетителите стапуваат во интеракција со веб-страницата. Овие колачиња помагаат при собирањето информации за бројот на посетители, процентот на посетители што ја посетуваат веб-страницата, но кратко се задржуваат на неа, изворот на сообраќај итн.
СОГЛАСНОСТ
16 години 2 месеци 25 дена 14 часа и 15 минути
Јутјуб го поставува ова колаче преку видеа со вметнат код на Јутјуб и регистрира анонимни статистички податоци.
Рекламните колачиња се користат со цел на посетителите да им се понудат релевантни реклами и маркетинг-кампањи. Овие колачиња ги следат посетителите во рамките на нивната посета на веб-страниците и собираат информации со цел да им се понудат персонализирани реклами.
Колаче | Времетраење | Опис |
IDE
|
1 година и 24 дена
|
Колачињата „Google DoubleClick IDE“ се користат со цел зачувување информации за начинот на кој корисникот ја користи веб-страницата за да му се понудат релевантни реклами соодветни на профилот на корисникот. |
test_cookie
|
15 минути |
Колачето „test_cookie“ го поставува „doubleclick.net“ и се користи со цел да се утврди дали прелистувачот на корисникот поддржува користење колачиња. |
VISITOR_INFO1_LIVE
|
5 месеци и 27 дена
|
Колаче поставено од страна на Јутјуб со цел мерење на пропусниот опсег, со што се утврдува дали корисникот ќе добие стар или нов интерфејс на плеерот. |
YSC
|
YSC е колаче поставено од Јутјуб што се користи за следење на прегледите на видеа со вметнат код на страниците на Јутјуб. |
YSC е колаче поставено од Јутјуб што се користи за следење на прегледите на видеа со вметнат код на страниците на Јутјуб. |
yt-remote-connected-devices
|
никогаш
|
Јутјуб го поставува ова колаче со цел зачувување на претпочитаните поставки за видеата на корисниците користејќи видеа со вметнат код на Јутјуб. |
yt-remote-device-id
|
никогаш
|
Јутјуб го поставува ова колаче со цел зачувување на претпочитаните поставки за видеата на корисниците користејќи видеа со вметнат код на Јутјуб. |
Во категоријата останати некатегоризирани колачиња спаѓаат сите колачиња што се анализираат или што сè уште не се категоризирани во соодветна категорија.