fbpx

САЛМОНЕЛА – Симптоми, превенција и дијагностика

Што е салмонела?

Салмонелата е бактеријата која предивикува болест наречена Салмонелоза.

Кои се симптомите?

Лицата кои се заразени со салмонела често добиваат грчеви во стомакот, пролив, гадење и повраќање, главоболка, треска. Симптомите обично се јавуваат од 6 до 72 часа после заразувањето. Симптомите обично траат од 4 до 7 дена, понекогаш многу подолго.

Како се пренесува болеста?

Воглавно, салмонелата се пренесува со јадење на недоволно зготвена храна направена од заразени животни (месо, пилешко, јајца и производи направени од нив) или храна произведена за широко производство (чоколади, бомбони, секакви видови кондиторски производи) кои не се чувани на соодветна температура и средина.

Како се спречува болеста?

Салмонелата се уништува со комплетно готвење на храната (добро термички обработена храна). Избегнувајте живо или недоволно зготвено месо, месо од живина или јајца. Месото од живина и другото месо – на пример, хамбургери, колбаси и ролати од печено месо – не треба да се јадат ако во средината се розеви. Ракување со храна- бидејќи салмонелата може да остане на рацете, многу е важно рацете секогаш да се мијат темелно после користење на тоалетот и пред приготвување на храна.

Рацете треба да се мијат со сапун и вода во траење од најмалку 10 секунди, потоа да се исплакнат и добро да се исушат. Посебно внимание треба да се обрне на деловите под ноктите и меѓу прстите.

Загадување на храната

 За да го спречите загадувањето на храната:

• чувајте ја сировата храна (на пример, живо месо) во херметички затворени садови на дното од фрижидерот или замрзнувачот за да се избегне од неа да капе или да се истури течност врз друга храна која е готова за јадење. Сета храна што ја чувате во фрижидер или замрзнувач покривајте ја за да ја заштитите од загадување

• мијте ги рацете веднаш откако сте биле во тоалет или ако сте допирале сирова храна и пред да започнете да ракувате со зготвена храна или храна која е готова за јадење

• користете посебни штици за сечење, тави, прибор и чинии кога приготвувате сирова храна и храна готова за јадење. Ако имате само една штица за сечење, измијте ја добро во жешка вода со сапун пред повторно да ја користите

• темелно исчистете ја сета нечистотија од сиот сиров зеленчук и овошје пред да ги приготвите за јадење

• бришете ги садовите со посебна крпа од таа што ја користите за бришење на рацете или за бришење на работните површини; редовно перете ги крпите за бришење садови

Извор: https://www.mhcs.health.nsw.gov.au/publications/7190/doh-7190-mac.pdf/@@display-file/file/DOH-7190-MAC.pdf

Како се дијагностицира?

ВО АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА Е ДОСТАПЕН ЦЕЛОСЕН ГАСТРОИНТЕСТИНАЛЕН ПАКЕТ-ДЕТЕКЦИЈА НА 17 ПРИЧИНИТЕЛИ НА ГАСТРОИНТЕСТИНАЛНИ ИНФЕКЦИИ (6 ВИРУСИ,9 БАКТЕРИИ И 2 ГАБИЧКИ), со МУЛТИПЛЕКС REAL-TIME PCR метода:

6 вируси:

  • Norovirus G I
  • Norovirus G II
  • Rotavirus
  • Adenovirus
  • Astrovirus
  • Sapovirus

9 бактерии:

  • Salmonella species
  • Salmonella enterica serovar enteritidis
  • Salmonella enterica serovar typhimurium
  • Shigella species
  • Shigella dysenteriae
  • Shigella flexneri
  • Campylobacter species
  • Campylobacter jejuni
  • Campylobacter coli

2 габички:

  • Candida albicans
  • Candida species

►           ТЕСТИРАЊЕ ОД ЕДЕН ПРИМЕРОК, ЗА РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ ПРИЧИНИТЕЛИ

►           БРЗАТА ЕТИОЛОШКА ДИЈАГНОЗА ОВОЗМОЖУВА СООДВЕТЕН ТРЕТМАН И НАСОЧЕНА ТЕРАПИЈА

►           ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА КОНТРОЛА НА ИНФЕКЦИЈАТА

►           ЗАШТЕДА НА ВРЕМЕ И СРЕДСТВА