По - Пт: 07:00 - 19:30 / Саб: 07:00 - 14:00
2.000,00 ден.
1.800,00 ден. (цена по лице)
1.600,00 ден. (цена по лице)
Резултати за само 1 час
4.500,00 ден.
Резултати за само 1 час
4.000,00 ден. (цена по лице)
3.000,00 ден.
Молекуларниот тест преставува златен страндард во тестирањето, бидеќи со помош на молекуларни техники, се врши детекција на присуство на самиот вирус, дури и само секвенца од РНК на самиот вирус. Тестот кој се работи во Авицена Лабораторија е:
► Високопрецизен Real-time PCR тест за детекција на самиот вирус SARS-CоV-2
► CE-IVD сертифициран тест и валидиран за комплетно автоматска изработка
► Единствен тест кој врши истовремен скрининг и конфирмација на четири таргет гени од вирусот, со вклучена внатрешна контрола
► Во согласност со светските нормативи и препораките од WHO, US CDC, Ch-CDC
Потребен примерок:
– Назофарингеален / орофарингеален брис за молекуларен тест за детекција на вирусот SARS-CоV-2
1.800,00 ден.
1.200,00 ден.
1.200,00 ден.
Имунолошките тестови во Авицена Лабораторија е CЕ-сертифицирани и се работат на целосно автоматски имунолошки анализатор. За разлика од брзите тестови, резултатот кој се добива е точна, нумеричка концентрација на присутните антитела, а тестот има исклучително висока клиничка сензитивност и специфичност.
Мерењето на концентрацијата на IgM, IgA и IgG антителата имаат важност кај:
– ДИЈАГНОЗА ВО РАНА ФАЗА НА ЗАБОЛУВАЊЕТО
Појавата на антитела значи дека организмот бил во контакт со вирусот и се активирал имунолошкиот систем на организмот. Вообичаено, први се јавуваат IgM и IgA антителата, околу 5-7 дена по контактот со вирусот, а IgG антителата околу 14 дена од контактот со вирусот. Со мерењето на концентрацијата и на IgA антителата, дополнително се зголемува клиничката сензитивност на тестот.
– ОТКРИВАЊЕ НА АСИМПТОМАТСКИ ПАЦИЕНТИ
Ќе се откријат лицата кои немаат или немале никакви симптоми, а биле во контакт со вирусот.
– СЛЕДЕЊЕ НА ТЕКОТ НА БОЛЕСТА и ФАЗА ВО КОЈА СЕ НАОЃА БОЛЕСТА
– ПРОГНОСТИЧКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ТЕКОТ НА БОЛЕСТА
Постојат клинички студии кои наведуваат дека значително зголемена концентрација на двата типа антитела се поврзува со полош тек на болеста и полош исход.
– СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕЛЕЖАНА ИНФЕКЦИЈА
Детекција на IgG антитела, при негативен молекуларен тест укажува дека веројатно сме биле во контакт со вирусот во минатото или сме ја прележале инфекцијата без симптоми.
– СЛЕДЕЊЕ НА ИЗЛОЖЕНОСТ НА ДЕЛ ОД ПОПУЛАЦИЈАТА НА ВИРУСОТ (пр.здравствени работници)
Со овие тестови се дава можност за тестирање на дел од популацијата, заради информацијата дали лицата биле во контакт со вирусот, дали имаат заштитни антитела по прележана болест или вакцинација и сл.
– МОЖНОСТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ПЛАЗМА ЗА ТЕРАПЕВТСКИ ЦЕЛИ ОД ПАЦИЕНТИ СО ПРЕЛЕЖАНА ИНФЕКЦИЈА
Концентрацијата на антитела во крвта на пациенти кои ја прележале болеста е клучна за да се направи селекција на пациенти кои се погодни донори на конвалесцентна плазма, со која би се лекувале болните од COVID-19.
Потребен примерок:
– Назофарингеален / орофарингеален брис за молекуларен тест за детекција на вирусот COVID-19
– Венска крв за имунолошки тест преку крв, за одредување концентрација на IgM +IgA и IgG антитела кон вирусот COVID-19
Тест за концентрација на IgM+IgA | Тест за Концентрација на IgG | ИНТЕРПРЕТАЦИЈА |
негативен
|
негативен | Се исклучува постоење инфекција или е во тек на инкубација („window” период) |
позитивен | негативен | Рана фаза на инфекција |
позитивен | позитивен | Активна фаза на инфекција, доцна фаза на инфекција или опоравување |
негативен | позитивен | Доцна фаза на инфекција / мината инфекција / повторена инфекција/ спроведена вакцинација |
700,00 ден.
Овој тест е од реномираниот светски производител Siemens Healthcare Diagnostics и служи за откривање нуклеокапсидниот протеински антиген на SARS-CoV-2 од назофарингеален брис. Антигенот се детектира кај примероците од горните дишни патишта за време на акутната фаза на инфекција, а тестот може да служи и за скрининг на асимптоматски индивидуи.
Овој тест се одликува со висока специфичност од 99,22% и е одобрен тест за патување според листата на Светската Здравствена Организација, во земјите каде е одобрен влез со ваков тип на тест.
ВАЖНА НАПОМЕНА!
❗ПРИ ЗЕМАЊЕ НА ПРИМЕРОЦИ ЗА COVID-19 КАЈ МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е ПРИЛОЖУВАЊЕ НА БИЛО КАКОВ ДОКУМЕНТ ЗА ЛИЧНА ИДЕНТИФИКАЦИЈА ( ПАСОШ или ЗДРАВСТВЕНА ЛЕГИТИМАЦИЈА)❗
COVID-19 тестирања се вршат само на следните локации:
Локација 1 (нас. Тафталиџе)
Понеделник – петок 07.00 – 19.00 часот
Сабота од 07.00-14.00 часот
Локација 3 (Тетово)
Понеделник – петок 07.00 – 17.00 часот
Сабота 8:00 – 12.00 часот
Закажувањето е задолжително на тел. броеви:
При посетата на лабораторија за тест за COVID-19, задолжително треба да се пополни „Прашалник за пациенти за тест за COVID-19″ со сите барани податоци. Прашалникот можете да го преземете со клик на линковите во продолжение:
Прашалник за пациенти (на македонски јазик)
Прашалник за пациенти (на англиски јазик)
ВРЕМЕ НА ИЗДАВАЊЕ РЕЗУЛТАТИ:
ЛАБОРАТОРИЈАТА РАБОТИ НЕПРЕЧЕНО СО СИТЕ ПАЦИЕНТИ И ГИ ПРУЖА СИТЕ ЛАБОРАТОРИСКИ УСЛУГИ, ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛОТО РАБОТНО ВРЕМЕ.
ПАЦИЕНТИТЕ СО COVID-19 МОЖЕ ДА ГИ НАПРАВАТ СИТЕ ПОТРЕБНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ ВО ТЕКОТ НА ЛЕКУВАЊЕТО ВО ДЕЛОТ ЗА COVID-19 (ВЛЕЗ-2), СО ПРЕТХОДНО ЗАКАЖУВАЊЕ НА 071/269-623 и 072/319-850
Авицена Лабораторија, во услови на пандемија на COVID-19 на глобално ниво и во интерес на заштита на здравјето на вработените, здравјето на пациентите и јавното здравје, секојдневно ги презема сите неопходни мерки согласно насоките од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и СЗО, за спречување на ширење на оваа болест.