fbpx

Зошто е важно генетското тестирање за машка неплодност?

Неплодноста е чест медицински проблем кој влијае на 15% од лицата кои се обидуваат да добијат потомство. Во 30% до 50% од случаите, мажот е главниот фактор за неможноста за зачнување.

Детекција на постоење на генетски причини за машка неплодност овозможува дијагноза на неплодност кај двојки кои се обидуваат да формираат семејство, а освен тоа и давање препораки за понатамошни чекори кои треба да се преземат (техники на вештачко оплодување и соодветно генетско советување).

Сперматогенезата е суштински процес кој се регулира од многу специфични гени лоцирани на Y хромозомот. Повеќето од овие гени се наоѓаат во специфичен регион познат како регион на факторот на азооспермија (AZF) на долгиот крак на човечкиот Y хромозом.

Микроделециите на AZF се препознаваат како најчести структурни хромозомски абнормалности и тие се главната причина за машката неплодност.

Промените во овој регион се поврзани со абнормалности во производство на сперма, а со тоа и до неплодност. Микроделециите на AZF се една од главните причини за азооспермија (целосно отсуство на  сперма во ејакулатот) и тешка олигозооспермија (помалку од 5 милиони сперматозоиди во ејакулатот кај мажите.)

Новиот тест кој се работи во Авицена Лабораторија врши детекција на хромозомски промени-делеции на AZF (AZFa, AZFb, AZFc) на човечкиот Y-хромозом, со помош на RT-PCR метода.

Цена: 4.500 денари

Потребен примерок: крв

Време на изработка: 1 работен ден.

Во стоиме на располагање за дополнителни прашања и информации на 02 3179 001.