Напредокот на науката доведе до развој на широка палета на лабораториски анализи, за секој период од животот на една жена. Голем број на жени се соочуваат со многу предизвици, од моментот на зачнување, па до раѓање на нивното дете. Лабораториските анализи и услуги се суштинска компонента во текот на секоја бременост, бидејќи обезбедуваат важни информации за следењето на здравјето на идната мајка и нејзиното бебе.
Во Авицена Лабораторија се достапни најголем број на рутински и специфични анализи кои се прават во текот на бременоста, а обезбедуваат корисни информации за здравјето на мајката и бебето.
ТЕСТ ЗА ПОТВРДА НА БРЕМЕНОСТ
Beta HCG – Одредување на нивото на Beta HCG служи како тест за бременост преку крв, како надополнување на домашниот тест за бременост.
ПРЕПОРАЧАНИ АНАЛИЗИ ВО ПРВ ТРИМЕСТАР ( 0-12 гестациска седмица )
Комплетна крвна слика, хемоглобин и седиментација – Значително намалување на бројот на црвени крвни клетки (еритроцити), заедно со намалена вредност на хемоглобинот, укажуваат на можна анемија (слабокрвност), пореметување кое е често во бременоста, а е најчесто предизвикано од недостатокот на железо и фолна киселина (витамин B9).
Анализа на урина и уринокултура (микробиолошки преглед на урина).
Скрининг за инфективни заболувања преку крв и микробиолошки брисеви: TORCH, HIV1/2, HBV, HCV.
Раниот скрининг и третман на инфекции е од клучно значење за правилен развој на фетусот и здравјето на бебињата за време на бременоста и по породувањето.
Овие тестови даваат информација дали моментално постои инфекција, како и тоа дали инфекцијата некогаш била присутна. Причинителите на овие инфекции можат да поминат низ плацентата и да предизвикаат компликации врз здравјето на бебето, во текот на бременоста или при самото породување.
ПРЕПОРАЧАНИ АНАЛИЗИ ВО ВТОР ТРИМЕСТАР ( 13-27 гестациска седмица )
PRISCA – (Prenatal Risk Calculation Software) опфаќа мерење на одредени маркери, кои циркулираат во крвта на мајката и се во директна врска со развојот и благосостојбата на плодот. Добиените вредности, се комбинираат со други значајни параметри како возраста и здравствената состојба на пациентката, како и мерките на плодот направени со ултразвук (гинеколошко ЕХО). По компјутерската пресметка на сите податоци со софтверската програма, се добива крајниот резултат, кој укажува колкав е ризикот да плодот има една од следните аномалии: Даунов синдром, Едвардсов синдром и дефект на неврална цевка.
VERAgene/VERACITY –
VERAgene и VERACITY претставуваат најнова генерација неинвазивни пренатални тестoви за генетски нарушувања кај плодот за време на бременоста. Тестовите користат технологија заснована врз најсовремени истражувања и развој во молекуларната генетика и дијагностика.
VERAgene и VERACITY се развиени од извонреден научен тим со над 25-годишно искуство во областа на пренаталната дијагностика, молекуларна медицина, геномика, транскриптомика и биоинформатика.
Валидирани се за едничена, близначка бременост и бремености по пат на вештачко оплодување.Тестовите се целосно безбедни за мајката и нејзиното бебе.Тестовите се преферирани поради нивната точност и висока прецизност од 99%.Може да се направат почнувајќи од 10 недела на бременоста.
За да се изработи VERAgene потребен е примерок од двајцата родители.За да се изработи VERACITY потребен е примерок од мајката.За подетални информации во врска со тестовите и цените посетете ги линковите:
Комплетна крвна слика, хемоглобин и седиментација.
ТРЕТ ТРИМЕСТАР ( 28-40 гестациска седмица )
oGTT (Оral Glucose Tolerance Test) – тестот за толеранција на гликоза помага во дијагностицирање на гестациски дијабет – покачено ниво на гликоза во крвта што се развива за време на бременоста.
Вообичаено, се препорачува бремените жени да направат тест помеѓу 24-та и 28-та недела од бременоста. Тестот може да се направи и порано, доколку се присутни знаци и симптоми на дијабет или постои историја на гестациски дијабет во претходна бременост, секако во консултација со лекар.
Group B Streptococcus – се прави преку брис пред породување, со цел навремено да се спречи можна инфекција, која може да се пренесе на бебето.
Комплетна крвна слика, хемоглобин и седиментација.
Уринокултура (микробиолошки преглед на урина).
Авицена Лабораторија ви овозможува да ги направите сите анализи на едно место!
Соодветните цени на анализите можете да ги погледнете на следниот линк.
Овој текст е од информативен карактер, а наведените анализи се прават со претходна консултација со матичниот гинеколог. Во зависност од здравствената состојба на трудницата, гинекологот може да побара да се направат и дополнителни анализи.