fbpx

VERACITY – Резултати на кои можете да им верувате!

За време на бременоста, феталната ДНК патува од плацентата до крвотокот на мајката и циркулира заедно со нејзината сопствена ДНК. Оваа фетална ДНК, се изолира од крвта на мајката и се анализира со помош најнова генерација генетско секвенционирање и биоинформатичка технологија.

VERACITY е неинвазивен пренатален тест од најновата генерација кој прецизно ја мери феталната ДНК во крвта на мајката за да открие присуство на фетални анеуплоиди и микроделеции.

VERACITY е препорачлива и за единечна, близначка и бремености по пат на вештачко оплодување.

Примерок за VERACITY се зема во Авицена Лабораторија и истиот се испраќа во врвна европска компанија која врши напредни генетски испитувања. Резултатите ви се достапни само вам и истите лично можете да ги подигнете од Авицена Лабораторија.

  • Може да се направи од 10-тата недела од бременоста
  • Валидиран за единечна и близначка бременост
  • Валидиран и за ИВФ-бремености
  • Префериран тест поради неговата прецизност и стабилност

ШТО ДЕТЕКТИРА ТЕСТОТ VERACITY?

  • АНЕУПЛОИДИИ

Даунов синдром (трисомија 21)

Едвардсов синдром (Трисомија 18)

Патау синдром (трисомија 13)

  • АНЕУПЛОИДИИ НА ПОЛОВИ ХРОМОЗОМИ

Тарнеров синдром (моносомија X)

Троен Х-синдром (Трисомија Х)

Клинефелтеров синдром (XXY)

Џејкобсов синдром (XYY)

XXYY синдром

  • МИКРОДЕЛЕЦИИ

DiGeorge синдром (22q11.2)

Синдром на бришење 1p36

Смит-Магенис синдром (17p11.2)

Волф-Хиршхорн синдром (4p16.3)

  • ПОЛ НА БЕБЕТО

КАКО МОЖАМ ДА ГО НАПРАВАМ ТЕСТОТ VERACITY?

Тестот може да го направи секоја трудница почнувајќи од десеттата гестациска недела на бременоста.

Примероци за тестот VERACITY се земаат само во Авицена Лабораторија.

Консултирајте се со вашиот лекар за VERACITY.

Посетете ја нашата лабораторија за подетални информации во врска со тестот или побарајте не на 02 3179 001 за да разговарате со наш претставник за VERACITY.

Резултатите можете да ги подигнете лично од Авицена Лабораторија за 7-10 работни денови.

Цена на тестот: 31 900 денари

Можеби ќе ве интересира…