fbpx

Розов октомври! Промотивен попуст на анализи поврзани со дијагноза, ризик и следење на рак на дојка

Почитувани клиенти,

Сакаме да ве известиме дека во месец октомври кој се обележува како месец за подигнување на свест за ракот на дојка, во нашите лаборатории следните анализи ќе бидат на промотивен попуст:

Тумор маркер: BR- MA (CA 15-3) промотивна цена: 990 денари

Тумор маркер: OM MA (CA 125) промотивна цена: 990 денари

Генетски тест за рак на дојка, матка и јајници промотивна цена: 26.550 денари

Генетски тест: BRCA1 & BRCA2 промотивна цена: 22.410 денари

Тумор маркерите претставуваат супстанции (протеини, ензими, хормони и сл.) кои се лачат во организмот како последица на негов одговор при постоење на некоја бенигна или малигна појава. Нивното мерење и идентификација е корисно за поставување на дијагнозата, како и за следење на прогресот/текот на болеста и успехот од терапијата.

Наспроти тумор маркерите, во нашите лаборатории се изработуваат и генетски тестови за детекција на мутации кои предизвикуваат наследни видови рак на дојка, јајници и рак на матка. Тестотвите претставуваат револуционерно решение за предвидување ризик од рак како и помагаат на оние пациенти кои веќе се дијагностицирани со болеста, да ја дознаат причината за појава на ваквата состојба.

Рана дијагноза спасува животи! Затоа, откриј го твојот ризик навреме!

Ако имате дополнителни прашања во врска со тестовите, консултирајте го вашиот лекар или исконтактирајте нé на lab@avicenalab.com.mk или преку нашиот контакт центар: 02 3179 001.

Промоцијата важи од 1.10.2023 – 31.10.2023

Дознај повеќе за генетските тестови…