fbpx

VERAgene – Најнова генерација неинвазивен пренатален тест

VERAgene е единствениот неинвазивен пренатален тест кој врши истовремен скрининг на анеуплоидии, микроделеции и 100 моногенетски болести.

Моногенетски болестите што ги детектираат VERAgene се поврзани со умерен до тежок фенотип и со значително влијание врз квалитетот на животот.

Со скринингот за анеуплоидии и микроделеции и 2000 мутации за 100 моногенетски болести, VERAgene обезбедува сеопфатно решение за потенцијалните родители.

ШТО Е НЕИНВАЗИВЕН ПРЕНАТАЛЕН ТЕСТ (НИПТ)?

Неинвазивните пренатални тестови се тестови што се изработуваат преку земање примерок крв од мајката за скрининг на најчестите хромозомски нарушувања кај плодот за време на бременоста.

ШТО СЕ ГЕНЕТСКИ НАРУШУВАЊА?

Генетски нарушувања се предизвикани од несакани промени во геномот што се случуваат за време на зачнувањето. Со тестот се откриваат три типа на генетски состојби:

  • Aнеуплоидии се генетски состојби кои се јавуваат кога на хромозомот има дополнителна копија (трисомија) или кога му недостасува копија (моносомија)
  • Mикроделециите се генетски состојби предизвикани од мало бришење во одреден регион на хромозомот
  • Моногенетски болести

КЛУЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА VERAgene:

✅Може да се направи од 10-тата недела од бременоста

✅Валидиран за единечна и близначка бременост

✅Валидиран и за ИВФ-бремености

✅Единствен тест на пазарот што вклучува примерок од двајцата родители за скрининг на анеуплоидии, микроделеции и 100 моногенетски болести

КАКО СЕ ИЗРАБОТУВА ТЕСТОТ VERAgene?

За време на бременоста, феталната cfDNA преминува преку плацентата и циркулира во крвта на мајката, заедно со нејзината сопствена ДНК. Феталната cfDNA се изолира од крвта на мајката и се анализира независно за анеуплоидии и микроделеции, а истовремено со татковата ДНК за откривање потенцијални генетски мутации кај родителите, со користење најнова генерација генетско секвенционирање и биоинформатичка анализа.

КОИ НАРУШУВАЊА СЕ ДЕТЕКТИРААТ СО ТЕСТОТ VERAgene?

  • АНЕУПЛОИДИИ
    Даунов синдром (Трисомија 21)
    Едвардсов синдром (Трисомија 18)
    Патау синдром (Трисомија 13)
  • АНЕУПЛОИДИИ НА ПОЛОВИ ХРОМОЗОМИ
    Тарнеров синдром (Моносомија X)
    Троен X-синдром (Трисомија X)
    Клинефелтеров синдром (XXY)
    Јакобсов синдром (XYY)
    XXYY синдром
  • МИКРОДЕЛЕЦИИ
    DiGeorge синдром (22q11.2)
    1p36 deletion синдром (1p36)
    Smith-Magenis синдром (17p11.2)
    Wolf-Hirschhorn синдром (4p16.3)
  • МОНОГЕНЕТСКИ БОЛЕСТИ
    Панел од 100 автозомни и Х-поврзани моногенетски
    болести, вклучувајќи:
    Цистична фиброза
    Српеста анемија
    Бета-таласемија
    Tay-Sachs-ова болест
    Gaucher-ова болест
    Фенилкетонурија
    Автозомно-рецесивна полицистична болест на бубрезите
    Canavan-ова болест
    Фанкониева анемија, Тип C
    Usher синдром, Tип 1F
    Миотубуларна миопатија и други болести.

Целосната листа на 100 моногенетски болести погледнете ја тука.

  • ОДРЕДУВАЊЕ ПОЛ НА БЕБЕТО

ДАЛИ ИМА ВОЗРАСНА ОГРАНИЦА ЗА VERAgene?

Не. VERAgene може да го прават бремени жени од сите возрасти бидејќи ги детектира генетските состојби кои немаат никаков ризик поврзан со возраста на мајката.

КОГА МОЖАМ ДА ГО НАПРАВАМ ТЕСТОТ?

Тестот VERAgene може да се направи уште во 10-тата гестациска недела.

ЗОШТО ИДНИТЕ РОДИТЕЛИ ТРЕБА ДА ГО НАПРАВАТ ТЕСТОТ VERAgene?

Микроделециите и моногенетските болести – за разлика од анеуплоидиите – немаат ризик поврзан со возраста на мајката, а за повеќето од нив нема биохемиски или ултразвучни биомаркери кои можат да помогнат во рано откривање.

Кумулативниот ризик фетусот да биде засегнат од една од моногенетските болести кои се детектираат со VERAgene е 1 од 50 кај бремености со умерен до висок ризик и може да биде поголем кај некои етнички популации каде некои од состојбите се позастапени.

КАКО МОЖАМ ДА ГО НАПРАВАМ ТЕСТОТ VERAgene?

Тестот може да го направи секоја трудница почнуваќи од десеттата гестациска недела на бременоста.

Примероци за тестот VERAgene се земаат само во Авицена Лабораторија (примерок венска крв од мајката и брис од уста од биолошкиот татко).

Консултирајте се со вашиот лекар за VERAgene.

Посетете ја нашата лабораторија за подетални информации во врска со тестот или побарајте не на 02 3179 001 за да разговарате со наш претставник за VERAgene.

Резултатите можете да ги подигнете лично од Авицена Лабораторија за 7-10 работни денови.

Цена на тестот: 37 900 денари

Може да ве интересира…

Во соработка со: