Нашите досегашни постигнати резултати се одраз на почитување, доверба и тимска работа помеѓу нашите вработени. Тоа се основни принципи кои нè водат, обликувајќи ја позитивната работна култура и промовирајќи кохезија и соработка во нашиот тим.
Дејствуваме за да придонесеме за иднината, позитивно да влијаеме на идните генерации и да создадеме лидери во нашата дејност.
Секој наш вработен го цениме како посебна индивидуа со сите негови уникатни вештини, инкорпорирајќи ги во еден тим кој има заедничка цел, заеднички пристап и ентузијазам да се биде дел од оваа организација. Максимално го поддржуваме индивидуалниот професионален развој кај секој еден вработен, преку најразлични канали на обуки и кариерно усовршување.
„Градење на долгорочна кариера со реални можности за напредување е тоа што навистина нè одликува како компанија.“
Отворени работни позиции:
Асистент за финансии и сметководство
Медицински лабораториски техничар во оддел Биохемија
Медицински лабораториски техничар во оддел Микробиологија
Доколку за вашата посакувана работна позиција немаме моментално активен оглас, ве охрабруваме да ни испратите CV на kariera@avicenalab.com.mk. На овој начин ќе влезете во базата на идни вработувања.