Кариера

Позиција 1: Медицински лаборанти - Скопје


Потребни квалификации:

  • Завршено средно медицинско училиште – отсек лабораториски техничар, со положен стручен испит
  • Познавање на англиски јазик
  • Активно познавање на работа со компјутери и MS Office
  • Возачка дозвола Б – категорија
  • Со или без работно искуство

 

Одговорности и задачи:

  • Лабораториска рутинска работа – од земање на примерок до издавање на резултат (земање материјал за анализа, обработка на примерокот, работа на лабораториски инструменти и др.)
  • Теренска работа – посета на ординации, домови и сл. за земање материјал за лабораториска анализа
  • Водење на потребната документација
  • Останата административна поддршка и организација на работењето

 

Потребни вештини и способности:

  • Одлични комуникациски и организациски способности
  • Професионален и љубезен однос кон клиентите
  • Способност за индивидуална и тимска работa
  • Способност за брзо учење, самоиницијативност и динамичност

 

Напомена:

  • Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани
  • Апликациите без назнака нема да бидат разгледани

 

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicena.com.mk или преку системот за апликација со назнака  за оглас за медицински лаборант – Скопје.

 

 

 

Испратете ни го вашето CV