fbpx

НОВО! Одредување на калпротектин во фецес

Ве информираме дека во нашите лаборатории е достапен нов тест за детекција на калпротектин во фецес – важен маркер за диференцијација на воспалителни од невоспалителни болести на цревата.

Калпротектинот е протеин кој се ослободува од белите крвни клетки-неутрофили. При постоење на воспаление во гастроинтестиналниот тракт, неутрофилите во дигестивниот тракт  ослободуваат калпротектин, што резултира со зголемено ниво во фецесот.

Концентрацијата на фекалниот калпротектин покажува добра корелација со воспалителниот процес во цревата и затоа се користи како биомаркер кај гастроинтестинални нарушувања, односно служи за откривање на воспалителен процес во цревата – особено да се направи разлика помеѓу воспалителна болест (Кронова болест  и улцерозен колитис) и невоспалителна болест (синдром на иритабилен колон).

Време на издавање резултати: Истиот ден

Без закажан термин достапен во сите наши лаборатории.

Цена: 1.200 денари

Потребен примерок: Фецес