Опис
5Д крвната слика е основна лабораториска анализа која обезбедува детален увид во составот на крвта. Покрај бројот и карактеристиките на еритроцитите, леукоцитите и тромбоцитите, анализата вклучува и петдиференцијална леукоцитна формула, односно прецизна распределба на петте видови бели крвни клетки (неутрофили, лимфоцити, моноцити, еозинофили и базофили). На овој начин помага во откривање и следење на инфекции, воспалителни процеси, анемии, алергиски реакции, нарушувања на имунолошкиот систем и други хематолошки состојби.
Подготовка: Не е потребно да бидете на гладно. Доколку анализата се прави заедно со други анализи кои бараат гладување, потребно е да ги следите упатствата за тие анализи.
Примерок: венска крв.



Критики
Нема критики сеуште.