0%
Loading ...

Серумско железо

210,00 ден

Опис

Серумското железо е лабораториска анализа со која се одредува концентрацијата на железо во крвта. Железото е есенцијален минерал неопходен за создавање на хемоглобин и нормален транспорт на кислород во организмот. Анализата се користи при проценка на недостаток или вишок на железо, како и во дијагностика и следење на анемии и нарушувања во метаболизмот на железото.

Подготовка: Препорачливо е анализата да се направи наутро и на гладно (8–12 часа без храна). Доколку земате суплементи со железо, препорачливо е да не ги земате пред анализата, освен ако вашиот лекар не препорача поинаку.

Примерок: венска крв.