Опис
Анализата на уринарни протеини во 24-часовна урина ја одредува вкупната количина на протеини излачени во текот на едно деноноќие. Таа претставува важен показател за функцијата на бубрезите и се користи за откривање, проценка и следење на заболувања кои предизвикуваат зголемено излачување на протеини, како што се гломеруларни заболувања, дијабетска нефропатија, артериска хипертензија и други хронични бубрежни состојби.
Подготовка: Потребно е правилно собирање на целокупната урина во текот на 24 часа во соодветен сад. Првата утринска урина се исфрла, а потоа се собира секоја наредна урина, вклучувајќи ја и првата утринска урина следниот ден. За време на собирањето, примерокот треба да се чува на ладно место или во фрижидер.
Примерок: 24-часовна урина.


