Опис
Овој пакет ги опфаќа анализите на вкупни протеини, албумини и глобулини, кои заедно обезбедуваат сеопфатна проценка на протеинскиот статус на организмот. Анализите се користат за проценка на функцијата на црниот дроб и бубрезите, нутритивниот статус, имунолошката состојба, како и за дијагностика и следење на различни воспалителни, инфективни и хронични заболувања.
Подготовка: Препорачливо е анализите да се направат на гладно (8–12 часа без храна), иако гладувањето не е задолжително во сите случаи. Доколку пакетот се прави во комбинација со други лабораториски испитувања, потребно е да се следат упатствата за тие анализи.
Примерок: серум.


