Опис
ОГТТ е тест кој ја оценува способноста на организмот да го преработува шеќерот (глукозата). Се користи за откривање на дијабет, предијабет и нарушена толеранција на глукоза, како и во бременост (гестациски дијабет).Тестот се изведува со мерење на глукоза во крвта на гладно, по што се внесува одредена количина глукоза и се прават мерења во одредени временски интервали.
Примерок: венска крв (во повеќе интервали).
Закажан термин е задолжителен на 02 3179 001.
Дали се прави на гладно?
Да, се започнува на гладно (8–12 часа), по што се дава глукоза и се земаат повеќе примероци за што е потребно подолго присуство во лабораторија (120 минути)


