Опис
Кортизолот е хормон на стрес кој го создаваат надбубрежните жлезди и има важна улога во метаболизмот, имунолошкиот одговор и регулацијата на енергијата. Овој тест се користи за проценка на функцијата на надбубрежните жлезди и при сомнеж за хормонални нарушувања.
Примерок: венска крв.
Дали се прави на гладно?
Се препорачува да се направи наутро (најчесто помеѓу 7–9 часот) и на гладно за попрецизни резултати.


