Опис
FSH е хормон кој има важна улога во репродуктивниот систем. Кај жени учествува во созревање на јајце-клетките и регулирање на менструалниот циклус, а кај мажи е поврзан со создавање на сперматозоиди. Овој тест се користи за проценка на плодноста и хормоналниот баланс.
Дали се прави на гладно?
Не е задолжително да се прави на гладно.
Дали се прави на одреден ден од циклус?
Да, најчесто се препорачува 2–5 ден од менструалниот циклус, освен ако докторот не препорача поинаку.


