0%
Loading ...

PRISCA

3.950,00 ден

Категорија

Опис

PRISCA е неинвазивен пренатален скрининг тест кој овозможува проценка на ризик за одредени хромозомски аномалии кај плодот. Тестот се базира на мерење на специфични маркери во крвта на мајката, кои се поврзани со развојот и благосостојбата на плодот.

Добиените резултати се комбинираат со дополнителни параметри како возраста и здравствената состојба на мајката, ултразвучни мерења (гинеколошко ЕХО), како и податоци од медицинската историја (тежина, тек на бременост, близначка бременост, дијабет и сл.). Со помош на специјализиран софтвер се пресметува индивидуалниот ризик.

Тестот дава проценка на ризик за: Даунов синдром, Едвардсов синдром и дефекти на невралната цевка.

Примерок: венска крв.

Преземи Prisca формулар (за доктори).