Опис
Алергиски панел 3UY: Нутритивен (за нашето поднебје) Овој панел е специјално креиран за нашето поднебје и овозможува детекција на алергии на најчесто консумирани намирници. Помага при утврдување на причините за симптоми како дигестивни тегоби, осип, чешање или нетолеранција на одредена храна, со цел подобро прилагодување на исхраната. Ги опфаќа: јајце, млеко (вклучувајќи млеко во прав и казеин), пченично, овесно, оризово и соино брашно, пченкарно брашно, какао, глутен, домат, лимон, портокал, јагоди, кикирики, соја протеин, јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми), говедско, свинско и пилешко месо, морски рак (краба), мали ракчиња (shrimp), како и риба и морски плодови (туна, лосос, бакалар, школки).
Примерок: венска крв.
Дали се прави на гладно?
Не е задолжително да се прави на гладно.


