Опис
Брисот за Streptococcus група B (GBS) е микробиолошка анализа со која се утврдува присуството на бактеријата Streptococcus agalactiae (група B стрептокок). Најчесто се препорачува кај бремени жени помеѓу 35. и 37. гестациска недела, со цел навремено откривање на носителство и намалување на ризикот од пренесување на инфекцијата на новороденчето за време на породувањето. Анализата може да се изведе и кај други пациенти по препорака на лекар.
Подготовка: Не е потребна посебна подготовка. Се препорачува пред земањето на примерокот да не се користат локални антисептици или антибиотици, освен доколку лекарот не препорача поинаку.
Примерок: ректален и/или перинеален брис.


