Опис
Брисот од препуциум и/или гланс е микробиолошка анализа со која се испитува присуството на бактерии, габи и други микроорганизми кои можат да предизвикаат инфекции и воспаленија на кожичката (препуциумот) и главичката на пенисот (глансот). Анализата се препорачува при симптоми како црвенило, болка, чешање, исцедок, непријатен мирис или други знаци на инфекција, како и за избор на соодветна антимикробна терапија.


