Опис
Овој тест се користи за откривање на свежа инфекција со паразитот Toxoplasma gondii. Инфекцијата најчесто се пренесува преку консумирање недоволно термички обработено месо, контакт со контаминирана почва или преку нечисти раце по контакт со мачки. Тестот помага да се утврди дали инфекцијата е неодамнешна.
Дали се прави на гладно?
Не е задолжително да се прави на гладно.


