Опис
Овој тест овозможува истовремена проценка на имунитет и присуство на тековна инфекција со рубеола. Комбинираното тестирање помага да се разликува дали инфекцијата е стара (прележана или по вакцинација) или станува збор за свежа инфекција, што е особено важно при планирање или тек на бременост.
Дали се прави на гладно?
Не е задолжително да се прави на гладно.


