Опис
RespiBact 7 е молекуларен PCR тест за брза и прецизна детекција на 7 бактериски причинители на инфекции на дишните патишта. Тестот овозможува истовремена идентификација на повеќе значајни респираторни патогени, што придонесува за навремена дијагноза и соодветен третман. Панелот ги опфаќа: Bordetella pertussis, Bordetella parapertussis, Chlamydophila pneumoniae, Legionella pneumophila, Mycoplasma pneumoniae, Streptococcus pneumoniae и Haemophilus influenzae.
Примерок за анализа: Брис од грло и брис од нос
Време на издавање резултати: до 24 часа од направениот прием
Подготовка на пациент: Не е потребна посебна подготовка на пациентот пред земање на примерокот


