0%
Loading ...

Фекално окултно крварење- квалитативно

580,00 ден

Квалитативниот тест за фекално окултно крварење се користи за откривање на присуство на невидливо (окултно) крварење во столицата, кое не може да се забележи со голо око. Анализата може да помогне во откривање на крвавења од гастроинтестиналниот тракт и се користи како дел од проценката на различни состојби на дигестивниот систем, како и за скрининг на колоректален карцином, во зависност од возраста, ризик-факторите и препораките на лекарот.

Категорија

Опис

Подготовка: Примерокот од измет се собира во стерилен контејнер, кој може да се добие во нашата лабораторија. За поголема точност и исклучување на присуство на крв во изметот, потребно е да се направат тестирања од три последователни примероци. Примерокот треба да се достави во нашата лабораторија во рок од 1–2 часа по земањето.

Тестирањето треба да се одложи при: месечен циклус кај жени, крварење од уринарен тракт и крварење предизвикано од хемороиди.