Опис
Гломеруларната филтрација (GFR) е пресметан параметар кој ја проценува способноста на бубрезите да ја филтрираат крвта. Најчесто се пресметува врз основа на вредноста на серумскиот креатинин, возраста и полот на пациентот. GFR е еден од најважните показатели за проценка на бубрежната функција и се користи за рано откривање, следење и стадирање на хронични бубрежни заболувања, како и за следење на функцијата на бубрезите кај различни здравствени состојби.
Подготовка: Препорачливо е анализата да се направи на гладно (8–12 часа без храна), иако гладувањето не е задолжително. Доколку се прави во комбинација со други лабораториски анализи, потребно е да се следат упатствата за тие анализи.
Примерок: серум.



Критики
Нема критики сеуште.