Понекогаш е доволно само да одговориш на еден повик.
Кога ја видовме објавата од Ретвитни оброк дека им е потребна помош, знаевме дека сакаме повторно да бидеме дел од оваа волонтерска акција.
Денес заедно готвевме, пакувавме и подготвивме повеќе од 120 топли оброци кои ќе стигнат до граѓаните на кои им се најпотребни.
Ова не беше само ден исполнет со волонтирање, туку потсетник дека малите дела, кога се прават заедно, можат да направат голема разлика.
Благодарност до секој колега што вложи време, труд и срце.
И голема благодарност до Ретвитни оброк што ни даде можност повторно да бидеме дел од оваа прекрасна иницијатива.
















